Паратироиден хормон

From Wikipedia, the free encyclopedia

Паратироиден хормон
Remove ads

Паратироидниот хормон (PTH, паратхормон, паратирин) го лачат паратироидни клетки од параштитната жлезда како полипептид кој содржи 84 аминокиселини. Тој делува така што ја зголемува концентрацијата на калциумот (Ca2+) во крвта, додека калцитонинот (хормонот кој го произведуваат парафоликуларните клетки (Ц клетки) од штитната жлезда) ја смалува концентрацијата на калциумот. -{PTH}- делува така што ја зголемува концентрацијата на калциум во крвта. Тој се врзува за рецепторот на паратироидниот хормон1 (кој е присутен во висока концентрација во коските и бубрезите) и за рецепторот на паратироидниот хормон 2 (кој e високо изрзен во централниот нервен систем, во панкреасот, тестисите, и постелката).[1] -{PTH}- полураспадот e приближно 4 минути.[2] Тој има молекуларна маса 9,4 kDa.[3]

Кратки факти Паратироиден хормон, Назнаки ...
Remove ads

Структура

-{hPTH}--(1-34) се кристализира како незначително свиткан, долг завоен димер. Анализата покажала дека алфа завојната конформација-{hPTH}--(1-34) е веројатно биоактината конформација .[4]

Стимулатори

  • Смалено ниво на серумски [-{Ca}-2+].
  • Благо покачено ниво на серумски [-{Mg}-2+].
  • Покаченото ниво на серумски фосфат (зголемена концентрација на фосфати предизвикува образување на калциум фосфат, со што се редуцира стимулацијата на -{Ca}--чувствителни рецептори (-{CaSr}-) кои не реагираат на калциум фосфат, па доаѓа до покачување на нивото на -{PTH}- .

Инхибитори

  • Покачено ниво на серумски [Ca2+].
  • Силно смален серумски [Mg2+], кој исто предизвикува симптоми хипопаратироидизам (како што е хипокалцемија).[5]
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads