Калциум

From Wikipedia, the free encyclopedia

Калциум
Remove ads

Калциумхемиски елемент во периодниот систем со симбол Ca и атомски број 20. Откриен е од Хамфри Дејви во 1808 година. Калциумот е мек, сив земноалкален метал кој се користи како редуктор во екстракцијата на ториумот, циркониумот и ураниумот. Калциумот е и петтиот најзастапен елемент во Земјината кора. Тој е есенцијален за живите организми, а особено место зазема во нивната клеточна физиологија и е најзастапениот метал во многу животни.

Кратки факти Општи својства, Име и симбол ...

Калциумот може преку електролиза да се екстрахира од калциум флуоридот. Гори со жолтоцрвеникав пламен и формира бела нитридна покривка кога е изложен на воздух. Реагира со водата, притоа заменувајќи го водородот и формирајќи калциум хидроксид.

Remove ads

Биолошка улога

Калциумот е есенцијален во мускулната контракција, активацијата на јајце-клетката, потоа тој е важен за силни и цврсти коски и заби, важен е за крвта, преносот на нервните импулси, регулацијата на срцевата работа и балансот на течностите во клетките. Потребна количина на калциум во дневната диета на возрасните единки е помеѓу 1,000 и 1,300 mg

Изотопи

Најзастапениот изотоп на калциумот, 40Ca, има јадро со 20 протони и 20 неутрони. Неговата електронска конфигурација е следна: 2 електрона во К-слојот (главен квантен број: 1), 8 во L-слојот (главен квантен број: 2), 8 во М-слојот (квантен број: 3) и 2 во N-слојот (квантен број: 4). Надворешната обвивка е валентната обвивка, со 2 електрона во 4s орбитала, а 3p орбиталата е празна.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads