Пастрма
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Пастрма – овчо или козјо солено и сушено месо.[1] Денес пастрмата главно се користи за подготовка на познатите пастрмалии и поретко како додаток на течно гравче или печена на жар. Пастрмата се користи за подготовка на уште еден специјалитет својствен за Радовиш – саздрма.[2]
Remove ads
Подготовка
Пастрмата се подготвувала од турско време. Порано се користела многу повеќе бидејќи немало фрижидери, па за чување на месото се користело негово солење и сушење.
Постапката за создавање пастрма е долг. Закланата овца или коза се остава сама да се исцеди од течностите и крвта и потоа се расекува за да може да се соли. Посолувањето трае 3-4 недели при што месото се врти на сите страни за солта да фати подеднакво на сите страни. Најчесто се користи јадра морска сол. Потоа следи сушење кое трае најмалку месеци и пол. Најдобро е да се суши надвор кога има мразови и ветер.[2]
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads