Патагонија
историско-географска област на јужниот крај на Јужна Америка From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Патагонија (шпански: Patagonia) — ретко населен регион во јужниот дел на Јужна Америка. Регионот Патагонија денес е поделен помеѓу две држави Аргентина и Чиле. Патагонија ги зафаќа јужните предели на Андите, како и Патагонската пустина, пампасите и пасиштата кои се наоѓаат источно од Андите. Патагонија на исток излегува на Атлантскиот Океан, а на запад на Тихиот Океан

Како северни граници на Патагонија, односно аргентинска Патагонија, често се сметаат реките Колорадо и Баранкас, реки кои извираат во Андите и завршуваат во Атлантскиот Океан.[1] Архипелагот Огнена Земја исто така често се вклучува во регионот Патагонија. Чилеанскиот дел на Патагонија на север завршува со фјордот Релонкави.[2]
Remove ads
Потекло на поимот
Името „Патагонија“ потекнува од зборот „патагон“ (patagón),[3] кој бил користен од Фернандо Магелан во 1520 за да ги опише староседелските племиња во регионот, за кои луѓето од неговата експедиција мислеле дека се „џинови“. Денес се верува дека тие кои ги викал „Патагонци“ биле Теуелчесите, кои во тоа време навистина биле повисоки од Европејците.[4][5]
Демографија
Најголеми населени места
Remove ads
Наводи
Белешки
Литература
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads