Пахонија

грб на Белоруската Народна Република (1918–1919), грб на Република Белорусија (1991–1995), национален симбол на Белорусите From Wikipedia, the free encyclopedia

Пахонија
Remove ads

Пахонија (белоруски: Паго́ня; полски: Pogoń) — историски грб на Големото Војводство Литванија, чија варијанта денес се користи на денешниот грб на Литванија. Исто така, грбот бил и официјален амблем на Белоруската Демократска Република во 1918 и на Република Белорусија од 1991 до 1995 година.

Кратки факти Пахонија, Подробно ...

На 14 мај 2007 година Пахонија бил прогласен за културно наследство на Белорусија[1].

Remove ads

Опис

Поимот може да биде преведен како „јуриш“ или „прогон“. Грбот покажува бел коњаник со меч во рака на бел коњ. Полето околу него е обоено во црвено. На штитот на коњаникот се наоѓа крст со златна бојна.

Употреба

Грбот за првпат се појавил како државен грб во регионот во 1329 година на печатот на војводата Александар Михајлович од Псков[2]. Тој бил пратеник на Гедимин во Псков, кој во тоа време бил дел од Големото Војводство Литванија. Истовремено, војводата Хлиб го користел и пахонија како свој грб[3].

Пахонија се појавил на државниот грб на Белоруската Демократска Република за краток временски период помеѓу 1918 и 1919 година. Западна Белорусија станала дел од меѓувоената Полска, а Пахонија бил употребен како симбол на неколку провинции кои имале значителни белоруски малцинства. Исто така, бил користен и од страна на западно-белоруските сепаратистички организации. За време на советско, грбот бил забранет и користен само од белоруски емигрантски заедници во САД, Канада и на други места. Во текот на Втората светска војна, Белоруската централна рада исто така го употребила симболот Пахонија.

Во доцните 1980-ти, за време на новата белоруска народна преродба, Белорускиот народен фронт го прифатила грбот како свој, и покрај тоа што нејзиниот јавен приказ претставувал кривично дело.

Во 1991 година, по распаѓањето на Советскиот Сојуз, Пахонија станал грб на независна Република Белорусија. Официјалниот дизајн на грбот на Белорусија од 1991 година бил создаден од тим уметници предводени од Југен Кулик[4][5]

Во 1995 година, по контроверзниот референдум, Александар Лукашенко го укинал статусот на Пахонија како официјален грб и го заменил со изменет советски амблем. Симболот често се користи во антивладините протести од страна на опозицијата.

Remove ads

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads