Пелешки избув

From Wikipedia, the free encyclopedia

Пелешки избув
Remove ads

Пелешка ерупција — вид на вулканска ерупција која се одликува со брзо движење на пирокластични текови или бранови кои опожаруваат сè што ќе им се најде на патот[1]. Притоа од вулканот големи количини на прашина, карпи и гас се исфрлаат од вулканот, кои потоа се спуштаат по падините како пирокластични потоци. Ваквата ерупција може да се случи кога магмата е многу вискозна, обично од риолитски или андезитски тип и истата дели сличности со вулканолошкиот тип на ерупција.

Thumb
Пелешка ерупција: 1 Облак од пепел, 2 Падната вулканска пепел, 3 Лавина купола, 4 Вулканска бомба, 5 Пирокластичен проток, 6 Слоеви на лава и пепел, 7 Стратум 8 Магматски канал, 9 Магматско огниште 10 Дига
Remove ads

Особености

Најважната одлика на пелешката ерупција е присуството на блескава лавина на топла вулканска пепел, таканаречениот „зажарен облак“[2] односно пирокластичниот тек како и формирањето на лавини куполи. Исто така е забележливо дека кратките текови на пепел создаваат конуси од пемза.

Почетната фаза на ерупција се одликува со пирокластичен тек. Талозите од тефра имаат помал обем и опсег од соодветните плиниски и вулкански ерупции. Вискозната магма потоа формира стрмни куполи или вулкански ' рбет во отворот на вулканот. Куполата подоцна може да колабира, што ќе резултира во текови на пепел и исфрлање зажарени камени блокови.

Циклусот на ерупција обично завршува по неколку години, но во некои случаи може да продолжи и неколку децении, како и во случај на вулканот Сантјагито.

Remove ads

Име

Типот на ерупција името го добил по ерупцијата на вулканот Пеле на Карибите кој избувнал во 1902 година убивајќи 28 000 луѓе.[1] Оваа пелешка ерупција била една од најголемите вулкански катастрофи на 20-от век која целосно го збришала градот Сен Пјер на Мартиник, (Антили), низ серија моќни ерупции.[3]

Примери

Други примери на пелешка ерупција се следниве:

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads