Пелка

From Wikipedia, the free encyclopedia

Пелкаmap
Remove ads

Пелка (грчки: Πελεκάνος, Пелеканос; до 1927 г. Πέλκα, Пелка[2]) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 232 жители (2021).

Кратки факти Пелка Πελεκάνος, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото е сместено на западните падини на Сињак, околу 22 км северно од гратчето Сачишта, на надморска височина од 760 м.[3]

Историја

Во Отоманското Царство

Во XIX век Пелка било грчко село во Населичката каза на Серфиџенскиот Санџак.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Пелка живееле 580 Грци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 во Пелка живееле 575 Грци.[5]

Според грчка статистика од 1904 г. во Пелка живееле 585 Грци христијани.[6]

Во Грција

По Балканските Војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година во него се попишани 664 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 594 лица.[3]

Во 1927 година, името на селото било променето во Πελεκάνος (Пелеканос).

Remove ads

Стопанство

Населението произведува жито, тутун, компири и други земјоделски производи. Населението делумно се занимава и со краварството.[3]

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

Селото припаѓа на општинската единица Сињак со седиште во селото Враништа, која припаѓа на поголемата општина Горуша, во округот Кожани. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Пелка, во кој е единствено село.

Културни и природни знаменитости

Цркви

  • Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — изградена во 1939 г.[7]

Личности

Родени во Пелка

  • Аргириос Папаризос (1764 - 1851)
  • Константинос Мустаклис (1871 - 1950)

Починати во Пелка

  • Зисо Калиманов (? - 1943)

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads