Пероксид
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Пероксиди — група соединенија со градбата R–O–O–R, каде буквите R претставуваат радикал (дел од целосна молекула[1]), а буквите O се поединечни кислородни атоми.[2][3] Кислородните атоми се сврзани меѓусебно и со соседни елементи преку единечни ковалентни врски, означени со испрекинати или полни линии. Групата O–O во пероксидот често се нарекува пероксидна група, иако постојат извесни номенклатурни несогласувања. Овој спој се смета за заеднички повеќеатомски јон и постои во многу молекули.

Remove ads
Општа градба
Карактеристичната градба на пероксидот е кислородно-кислородна единечна ковалентна врска, која меѓусебно ги поврзува двата главни атоми. Во случај молекулата да нема хемиски заменители, пероксидната група ќе има нето полнеж [-2]. Секој кислороден атом има полнеж -1 бидејќи пет негови валентни електрони остануваат во надворешната орбитална обвивка, а еден е зафатен во ковалентната врска. Поради природата на ковалентната врска, од овој распоред следува дека секој атоом има еквивалент на 7 валентни електрони, редуцирајќи ги кислородите и давајќи им негативен полнеж. На овој полнеж влијааат другите додадени елементи, така што својствата и градбата се менува зависно од додадената група или групи.
Remove ads
Чести облици
Најчест пероксид е водород пероксидот (H
2O
2), разговорно наречен само „пероксид“. Се продава како раствор во вода во различни концентрации. Познати се и многу органски пероксиди.
Покрај водород пероксидот, други најважни класи на пероксиди се следниве:
- пероксидни киселини — пероксидни деривати на многу чести киселини; примери се пероксимоносулфурната и пероцетна киселина, како и нивните соли; еден пример е калиум пероксидисулфатот.
- пероксиди од главната група — соединенија со спојот E–O–O–E (E = елемент од главната група).
- метални пероксиди — примери се бариум пероксидот (BaO
2), натриум пероксидот (Na
2O
2) и цинк пероксидот (ZnO
2). - органски пероксиди — соединенија со спојот C–O–O–C or C–O–O–H. Еден пример е терт-бутилхипероксидот.
Remove ads
Номенклатура
Спојот помеѓу кислородните молекули е наречен пероксидна група (понекогаш пероксо-група, пероксилна група, перокси-спој). Номенклатурата на пероксидната група може да се разликува,[4] и претстаува исклучок од правилата за именување на повеќеатомски јони. Ова се должи на тоа што групата се сметала за едноатомска кога е откриена.[5] Поимот го вовел шкотскиот хемичар Томас Томсон во 1804 г. за соединение здружено со што повеќе кислород,[6] или пак оксидот со најголемо количество на кислород.[7]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads