Персиска граматика
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Граматиката на персискиот јазик е слична на оние на многу други индоевропски јазици, особено на оние од индоиранското семејство. Веќе од среноперсискиот јазик па наваму, јазикот има релативно едноставна граматика, без родови и неколку падежни бележја.
Remove ads
Збороред
Додека во персискиот, збороредот е од типот Подмет Прирок Глагол, истиот не е многу лево разгранет. Главната реченица стои пред зависната реченица. Прашалната честичка аја (آیا) („дали“) се јавува на почетокот од реченицата (како кај македонскиот). Модификаторите им следат на именките кои ги модифицираат, иако во ограничена употреба можат и да им претходат. Јазикот користи предлози, што е ретко кај јазиците со таков зборовен ред. Единствениот бележник за падеж, ра (را), следи по израз со акузативна именка.
Нормалните реченици се конструираат: подмет-предлог-прирок-глагол. Ако прирокот е конкретен, тогаш редот е „(Подмет) (Прирок + „ра“) (Предлог Предлог) Глагол“. Меѓутоа персискиот може да има релативно слободен зборовен ред. Ова е бидејќи деловите од реченицата се недвосмислени, а предлозите и акузативниот бележник го појаснуваат падежот во даден именски израз. Оваа можност за разместување му дава на јазикот голема мера на флексибилност за прозодија и римување.
Remove ads
Именки
Главна статија: Персиски именки
Персиските именки немаат родови. Се обележуваат со акузативен бележник само за конкретниот акузатив; другите објективни падежи се одбележуваат со предлози. Посесивот се бележи со посебни бележници: ако во реченицата имателот доаѓа по она што го има, може да се употреби езсафе; во друг случај се користи заменска генитивна клитика. На Живите именки им се дава множина со -ха, додека неживите обично со -ан, иако често среќаваме и -ха.[1] Постојат посебни правила за некои именки позајмени од арапскиот јазик.
Remove ads
Заменки
Главна статија: Персиски заменки
Персискиот е беспредметен, или заменкоиспуштачки јазик, па така номинативните заменки не мораат да се користат. Заменките воопшто се исти за номинатив, акузатив, објектиц и генитив (езафе). Првото лице еднина од мен ра може да се скрати на мера. Меѓутоа заменските генитивни клитики (видете погоре) се разликуваат од номинативните заменки.
Придавки
Главна статија: Персиски придавки
Придавките им следат на именките, користејќи го езсафе составот. Меѓутоа придавките можат да им претходат на именките во сложени изведени форми, како Кхош-бекхт (букв. добра-среќа) 'среќно', и бед-кар (букв. лош-чин) 'злобен'. Компаративните форми се служат со наставката тер (تَر), додека суперлативните форми со наставката терин (تَرین).
Глаголи
Нормалните глаголи се обликуваат по следнава шема:
( НЕГ - ДУР or ПОГОДБ/НАРЕДБ ) - корен - МИНАТО - ЛИЦЕ - АКУЗ-КЛИТИКА
- Одречна претставка: нæ - станува не пред дуративнa претставка
- Дуративna претставка: ми
- Погодбенa/Наредбенa претставка: бе
- Наставка за минатост: д - станува т по безвучни согласки
- Оптативен показател: се додава „а“ пред последната буква на реченицата во сегашно време на трето лице еднина. Иако постојат индикации дека оваа флексија е отфрлена,можат да се забележат значителни остатоци во стилски состави и секојдневни изреки, како во:
هرچه بادا باد (значи: „нека биде што биде“) и دست مريزاد (буквално: „да не истури раката [она што го држи]“, со значење „добро направено“)
Конјугации
- Еве примери за прво лице еднина од кхорден 'јаде'.
Сложенки
Лесните глаголи како керден „прави“ често се користат со именки за формирање на сложенки, лесен глагослки состав или комплексен предикат. На пример, зборот „сохбет“ значи „разговор“, додека „сохбет керден“ значи „зборува“. Можеме да додадеме лесен глагол по именката, придавката, предлогот или предлошкиот израз за обликување на сложенка. Само лесниот глагол (пр. керден) се конјугира; Зборот пред него останува ист. На пример:
- дарем сохбет миконем („Зборувам“)
- сохбет керде ем („Имам зборувано“)
- сохбет кхахем керд („Ќе зборувам“)
Како што може да се види од примерите, главниот збор (тука, сохбет) останува непроменет низ конјугацијата, а само лесниот глагол керден се конјугира.
Други сложенки со керден се:
- фекр керден, „мисли“
- ферамуш керден, „заборава“
- герје керден, „плаче“
- телефон керден, „јавува“, „телефонира“
- темир керден, „поправа“
Помошни глаголи
- бајед - 'мора': не се конјугира
- шајед - 'можеби': не се конјугира
- теванестен - 'може': се конјугира
- кхастен - 'сака': се конјугира. Зависната реченица е погодбена
- кхастен - 'ќе': се конјугира. Главниот глагол е безвременски
Remove ads
Предлози
Предлозите во персискиот се користат како во македонскиот – претходат на прирокот. Тие можат да бидат следниве:
Remove ads
Поврзано
- Персиски јазик
- Таџичка граматика
- Хинди-урду граматика
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads