Песјак (планина)
планина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Песјак — средновисока планина во Западна Македонија којашто претставува јужна огранка на масивот Добра Вода. Планината има меридијански правец на протегање и се наоѓа меѓу Кичевската Котлина на запад, областа Порече на исток, течението на реката Треска на југ, додека на север постепено преминува во повисоката планина Челоица. Највисок врв е Јошков Камен со височина од 1.917 м, а меѓу другите врвови се издвојуваат Старци (1.897 м), Коњарник (1.876 м) и Седлар (1.772 м). Од геоморфолошкиот состав, најизразен е карстниот релјеф.[1]
Remove ads
Галерија
- Поглед на планината од селото Суводол
- Врвот Коњарник (1.876 м)
- Врвот Седлар (1.772 м)
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads