Петко Бојчевски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Петко Златанов Бојчевски ( 1924 во Побожје — 19 април 1946 во Битола) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
Основно училиште завршил во родното место, а потоа како и повеќето младинци обработувал земја и се грижел за добитокот. По ослободувањето на Скопје, во ноември 1944 година, стапил во редовите на 8та дивизија на КНОЈ. Бил борец во 2от подотсек на 8та чета. Од воените напори, особено во студената зима 1944-1945 година, Петко тешко се разболел.
Бил на лечење во Битола, но иако млад, тој не ја издржал тешката болест и починал на 19 април 1946 година. Неговот гробно место се наоѓа на селските гробишта, во неговото родно село Побожје.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads