Капсохор (Касандриско)
село во Касандра, Грција From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Каспохор или Капсохора (попознато како Певкохори; грчки: Πευκοχώρι; до 1955 г. Καψοχώρα, Капсохора[2]) — село во Касандриско, Егејска Македонија, денес во општината Касандра на Халкидичкиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 2.194 жители (2021).
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во јужниот дел на полуостровот Касандра, еден од трите краци на поголемиот Халкидичкиот Полуостров, покрај брегот на Егејското Море, на надморска височина од 20 м. Сместено е околу 90 км југоисточно од градот Солун, поврзано со асфалтиран пат со околните приморски села.[3]
Историја
Антика
Во северозападниот дел на пристаништето, каде што закотвуваат чамците, се откриени остатоци од римска населба. На истото наоѓалиште се откриени монети со македонскиот офицер Лизимах.
Во Отоманското Царство
Селото е најверојатно основано кон крајот на XVI век. Околната област била метох на манастирот Иврион на Света Гора, наречен Адер, од кој денес е останата само мелницата. За време на турското ропство, тоа, заедно со 12-те останати села на полуостровот, било дел од вакафот на Газанфер-ага.[4]
Жителите на селото учествувале во Халкидичкото востание од 1821 г. Најпознати револуционери од селото биле Георгиос Јанаки, Антониос Јоану, Јоанис Коѕас и други.[5]
Во XIX век Капсохор било грчко село во Касандриската каза на Солунскиот санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Капсохор имало 280 жители Грци.[6] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Кажохор (Kajohor) имало 320 Грци.[7]
Во Грција
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 328 жители, кои во 1920 г. се зголемиле на 365 лица.[3]
Во 1965 година, името на селото било променето во Певкохори (Πευκοχώρι), во превод „борово село“.[2]
Кон крајот на 1980-тите, туризмот во оваа населба се развил на повисок степен, поради што населението се зголемило од 640 жители во 1981, на 1.149 во 1991 г.[8] Денес, тоа е едно најпосетуваните места од македонските туристи на Халкидик, меѓу кои се Полихрон, Ханиоти, Фурка и други.
Remove ads
Стопанство
Населението традиционално се занимава со одгледувањето на маслинови дрвја и јужни овошја, како и со сточарството и рибарството.[3]
Посебно внимание се посветува на туризмот, од што денес селото главно преживува.[3] Во него се изградени многу приватни викендици, хотели, кафулиња и ресторани.
Население
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
Во 1920 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 20 квадратни километри.[3] Општината Капсохор била приклучена во општината Палини во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Касандра.
Селото припаѓа на општинската единица Палини со седиште во селото Ханиоти, која припаѓа на поголемата општина Касандра, во округот Халкидик. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Капсохор, во кој влегуваат и населбите Левкес и Панорама.
Remove ads
Културни и природни знаменитости
Цркви
- Црква „Св. Атанасиј“ — главна селска црква, изградена во 1843 г.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads