Пеце Матичевски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Пеце Матичевски
Remove ads

Пеце Матичевски (Новаци, 22 август 1978 – помеѓу Гајре и Шипковица, 5 јуни 2001 ) ― македонски бранител, резервист на АРМ, учесник во Воениот судир во Македонија во 2001 година. Загинал на 5 јуни 2001 година, во заседа на патот Гајре - Шипковица.[1][2]

Кратки факти Пеце Матичевски, Роден во: ...
Remove ads

Животопис

Thumb
Споменик на Бранителите во Битола, посветен на битолските бранители.

Во 2001 година, тој ја извршувал редовната војничка задача на реонот околу тетовското село Шипковица, село. На 5 јуни 2001 година, кај патот Шипковица - Гајре, во заседа слична на Вејце, загинале 5 припадници на АРМ, меѓу нив и Пеце Матичевски. Сите петмина загинале за само 15 минути, прво Руфати и младиот Китанов, а потоа без никаква придружба, по претходна наредба да пружат помош на повредени војници во армиско-полицискиот пункт во Шипковичка кривина, во истата заседа паднале Матичевски, Силјанов и Миленковски.

На свијокот на патот што води кон овој пункт, терористите со рачен фрлач го погодиле возилото пик-ап 101, кое носело храна за пунктот кај Шипковица. На самото место загинале Руфати и Китанов, кои биле во возилото. По само пет минути, на истото место бил нападнат теренецот Ланд Ровер, кое се упатило да им помогне на ранетите во [Шипковица. Од четворица луѓе внатре, тројца загинале на местото.

Според увидот, на возилата било пукано од две групи по 5-6 напаѓачи, од 8-10 метарска оддалеченост. На местото биле најдени 60 празни чаури, рачни бомби, неексплодирани гранати. По џипот се движело санитетско возило, кое за влакно успеало да сврти и лекарите да се спасат од заседата.

На 5 јуни 2010 година, во чест на петтемина загинати војници,, бил поставен спомен плоча на местото каде загинале.[3][4][5]

Пеце Матичевски посмртно бил одликуван со медал за храброст од Претседателот на Македонија.[6]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads