Шипковица (Тетовско)

село во Општина Тетово From Wikipedia, the free encyclopedia

Шипковица (Тетовско)map
Remove ads

Шипковица — село во Општина Тетово, во областа Долен Полог, во околината на градот Тетово.

Кратки факти

До 2004 година, селото претставувало административно средиште на поранешната истоимена општина, а служи како главно село за останатите високопланински села на Шар Планина. Во минатото постоело и посебно село Шипковско Теќе, кое денес е безмалку споено со Шипковица и фигурираат како едно исто село.

Remove ads

Потекло и значење на името

Thumb
Поглед на селото

Името на селото е изведена придавка од Шипкова со значење река или шума од шипка и со помош на суфиксот -ица. Како друга варијанта се кажува дека тоа е место каде што расте растението шипка или место богато со шипка.[2]

Името на селото на албански е Shipkovicë (нечленувано) или Shipkovica (членувано). Во локалниот тетовски дијалект, селото е познато како Шипкојца.

Географија и местоположба

Ова село се наоѓа во областа Долен Полог, на југоисточната падина на Шар Планина.[3] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 1.000 до 1.160 метри.[3] Оддалечено е 11 километри северозападно од Тетово.

До селото води асфалтен пат, кој се двои од регионалниот пат 1209 по селото Гајре.

Шипковица е големо планинско село, сместено на десната страна во долината на Пена. Во минатото, водата за пиење се добивала од неколку чешми и извори во селото. Селските чешми добиваат вода од појаките извори Пучалин и Бачилиште, додека послаби извори во селото се Раша, Крој Бегит (Бегов Извор), Крој Шерифи, Мњак, Крој Џипит (Цигански Извор) и Крој Весел Дулас. Останати извори во атарот на селото се Драга Вода (се користела и за тетовскиот водовод), Солиште, Средорек, Крој Дедес и Крој Фтовт (Студен Извор).[4] Атарот на Шипковица граничи со атарот на Бродец (на север), со атарот на Селце (на североисток), со атарот на Гајре (на југ) и Вешала (на запад).

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Хисар, Фуше Маде (Големо Поле), Ложина, Ред Река, Дрман, Воденица, Ораше, Големо Орање, Јасике, Рауп, Куќарица, Љуба, Торец, Марков Камен, Маркова Ливада, Ѓури Ча, Студо Рек, Стана Бара, Ѓуре Ливад, Вардишта, Пучалењ, Дервен Град, Почов Лаз, Пржаљ, Балабаница, Езериште, Солиште, Шпела Укит, Бешка Али Вокс, Церипашина Планина, Попова Шапка, Бугур, Ливада Бешкас (Планинска Ливада), Равша Давкет, Стани Бешкас (Планинско Бачило), Мица Рупа, Ливад Мад, Ран Одес, Ѓури Ѓат, Вакф, Бачилиште, Муре, Раденце, Лиѓата, Градиште, Ограде, Извор, Репуше, Племњица, Кштање (Костени), Ливада Ѓорес (Ѓорева Ливада), Жабљак и Ливаде Теќас (Текиска Ливада).[4]

Селото има многу збиен тип и е поделено во пет маала наречени по главните родови. Маалата се Фанде, Чаделе, Ѓоре, Воке и Мњак. Низ средината на селото поминува главниот пат. Под патот се наоѓаат првите три маала, а другите две се над патот.[4]

Remove ads

Историја

На атарот на селото се наоѓаат три градишта: Хисар се наоѓа на дното од долината на Пена, Дервен Град се наоѓа на падините на Шар Планина северозападно од селото, а Градиште е сместено западно од селото. На Хисар биле наоѓани гробови и големи земјени ќупови и за него се вели дека е „римско“.[4]

Шипковица е дел од постарите села во Полог. Првично, селото било населено со христијанско македонско население. За време на Османлиското Царство, поради доселување на муслимански Албанци, македонските родови постепено се иселувале. Меѓу познатите семејства кои живееле во Шипковица се: Аврамовци (преселени во Тетово), Здравковци (преселени во Лавце), Војновски (преселени во Лавце) и други.[4]

Додека Шиковица била населена со христијанско македонско население имала црква. Таа се наоѓала на место наречено Киша („црква“ на албански). Подоцна на црквиштето била изградена општинската зграда. Околу црквата се наоѓале и поранешните македонски гробишта. Во 1935 година, на црквиштето и на старите гробишта биле вршени ископувања од некои жители во Тетово. Во таа прилика биле ископани бројни плочи, крстови, бакарни пари, кандила и друго.[4] Името на црквата не е познато.

Македонците од Шипковица некогаш кога живееле во селото приредувале собир на местото познато како „Пучален“, каде е денешното основно училиште. На тоа место имало веселби и забави. Со доселувањето на Албанците, а со отселувањето на Македонците, словенските топоними не исчезнале. Македонците се иселувале во Тетово, Лавце и околните пониски села. Последните македонски семејства се отселиле во средината на XIX век.[4]

Во 2001 година селото било седиште на штабот на терористите на ОНА кои го започнале Судирот во Македонија во 2001 година.

Стопанство

Thumb
Старите поила на Шипковички Бачила.

Атарот на селото зафаќа површина од 20,2 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 822 хектари, на пасиштата отпаѓаат 727 хектари, а на обработливото земјиште отпаѓаат 432 хектари.[3]

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција. Во селото работат повеќе услужни објекти.[3]

Месното население претежно се занимава со сточарство и трговија со сточарските производи.

Порано, во месноста Јелак, Шипковичани поставувале бачила и таму ги поеле своите животни. Поради тоа, останало името Шипковички Бачила.

Remove ads

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Шипковица живееле 550 жители, сите Албанци.[5]

Според статистиките од 1929 година, селото било центар на Селечката општина и имало 186 куќи со 840 жители Албанци.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 550 Албанци.[7]

Селото е големо, населено со албанско население. Тоа, во 1961 година имало 1.566 жители, додека во 1994 година бројот се зголемил на 2.571 жител.[3]

Пописот од 1991 година не бил воопшто одржан во селото Шипковица, бидејќи целото негово население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема податоци.[заб 1]

Според пописот од 2002 година, во селото Шипковица живееле 2.826 жители, од кои 2.817 Албанци и 9 останати.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.540 жители, од кои 1.483 Албанци и 57 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

Денес, во Шипковица живее муслиманско население, кое говори на албански јазик. По етничка припадност, тоа се дели на две групи: една група се исламизирани и албанизирани словенски родови, а втората група се вистинските Албанци. Имало и мал број Роми.[4] Албанските родови започнале да се населуваат во XVIII век.[14]

Според истражувањата од 1948 година, родови во селото се:

  • Исламизирани и албанизирани словенски родови: Ѓоре (31 к.), живеат во истоимено маало, а името го добиле по предокот, кој преминал од православие во ислам. Го знаат следното родословие: Абдула (жив, 50 години во 1948 г.)-Азир-Кадри-Бислим-Кадри-Ѓоро. Овој род изгледа е староседелски. Денешните мештани кажуваат дека се прави Албанци и дека потекнуваат од фисот Красниќи. Од родот има три иселени семејства во Тетово; Маце (7 к.), се сметаат во најстарите родови. Не знаат дали се доселени или староседелци. И за нив се кажува дека имаат словенски предци, меѓутоа денешните мештани кажуваат дека потекнуваат од албанскиот фис Красниќи и Торбеши (3 к.), доселени се од некое село во областа Гора кај Призрен. Самото име кажува дека се исламизирани Словени. Куќите им се во маалото Ѓоре.
  • Албански родови: Мњак (40 к.), живеат во истоименото маало, а името го добиле по селото Мњак кај Љума, во Северна Албанија. Припаѓаат на фисот Красниќи. Во Шипковица дошле околу 1730-тите и затоа се сметаат за најстари селски доселеници. Во овој род се знае за следниот родослов: Јаја (жив, 65 години во 1948 г.)-Бахтијар-Садик-Весел-Али-Исак-Исен, еден од нивните први доселеници. Имаат по едно иселено семејство во Тетово и во Селце; Воке (65 к.), доселени се од Северна Албанија околу 1740-тите. Имаат истоимено маало и припаѓаат на фисот Красниќи. Името го добиле по некој стар предок, кој бил глув. Шест нивни семејства заминале во Тетово; Чадеље (48 к.), живеат во истоимено маало. Името го добиле по некое село во областа Љума во Северна Албанија. Во Шипковица дошле како и претходните родови. Припаѓаат на фисот Красниќи. Имаат едно иселено семејство во Тетово; Фанде (33 к.), живеат во истоимено маало. Името го добиле по областа на потекло во Северна Албанија. Кажуваат дека припаѓаат на фисот Красниќи. Во селото дошле околу 1740-тите и го знаат следниот родослов: Сејди (жив, 75 години во 1948 г.)-Сефер-Демир-Бајрам-Фариз-Мемет, кој се доселил. Имаат роднини во селото Селце. Четири семејства од Шипковица исто отишле во Селце. За нив се говори дека биле католици во Албанија; Ороче (11 к.), потекнуваат од фисот Красниќи во Северна Албанија. Овде живеат од почетокот на XIX век и го знаат следниот родослов: Идриз (жив, 39 години во 1948 г.)-Аќиф-Мемет-Реџеп-Синан, кој се доселил; Мустафа (13 к.), живеат во маалото Ѓоре, а потекнуваат од фисот Красниќи во Северна Албанија и Топојанас (3 к.), доселени се од селото Топојани кај Љума во Северна Албанија. Припаѓаат на фисот Красниќи.
  • Ромски родови: Абазовци (1 к.), во селото живеат долго, а се занимавале со свирење и просење. Говорот и облеката им биле албански.

Иселеништво

Се знае за следниве иселени албански родови: Демиролар (2 к.), кој отишле во потпланинското село Пирок и Мјак (2 к.), живеат во Качаник. За вториот род се знае дека потекнуваат од браќата Јашар и Шабан, кои дошле во Шипковица, но се скарале меѓу себе, поради што Јашар отишол во селото Ѓурѓев Дол во Качаничката Клисура. Подоцна тие се иселиле во Качаник и во Скопје. Исто така, во Шипковица порано живеел ромскиот род Дибран (2 к.), кој се преселил во Тетово.[4]

Забележан е трендот на иселување на населението, особено помладото. Претежно иселувањето е во странство или кон градот Тетово.

Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Во XIX век, Шипковица било село во Тетовската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Тетово, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Шипковица.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Тетово. Селото припаѓало на некогашната општина Тетово во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Шипковица, во која покрај селото Шипковица, се наоѓале и селата Бозовце, Бродец, Вејце, Вешала, Гајре, Лисец и Селце. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Шипковица, во која влегувале селата Бродец и Шипковица.

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 2080, 2081 и 2082 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 2.624 гласачи.[16] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 2.626 гласачи.[17]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Археолошки лолалитети[18]
  • Црква — средновековна црква и некропола;
  • Хисар — населба и некропола од римско време;
  • Дервен Град — средновековна населба; и
  • Градиште — населба од доцноантичко време.
Цркви

Во минатото во селото постоела црква.[4]

Џамии[19]
Споменици
  • Бисти во дворот на основното училиште
Remove ads

Личности

Починати во Бродец

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads