Печани

село во Населичко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Печани
Remove ads

Печани (грчки: Τριάδα, Тријада; до 1928 г. Πέτσιανη, Пецјани[2]) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 11 жители (2021).

Кратки факти Печани Τριάδα, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото е сместено во областа Населица, околу 25 км југозападно од гратчето Лапчишта и 15 км западно од Цотил. Лежи приближно 4 км северно од патот што води за Коница и Јанина.[3]

Историја

Во Отоманското Царство

Од името на селото се гледа дека првично било македонско. На крајот на ХІХ век Печани се води како грчко село во Населичката каза.

Печани е едно од малкуте населени места испуштени во бугарските статистики на Васил К’нчов и Димитар Мишев од почетокот на XX век.

Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона во 1904 г. во Печани (Πέτσιανη) живееле 120 Грци христијани.[4] Поради отсуството од негрчки извори и пристрасноста на грчките, податокот за народноста не може да се утврди со сигурност.

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. Печани е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година во него се попишани 177 жители,[5] кои во 1920 г. се намалиле на 112 лица.[3]

Во 1928 г. во селото живееле 132 лица. Истата година македонското име му е сменето во Тријада, што значи „Троица“. Во 1940 г. населението броело 144 жители, но потоа почнало да опаѓа. Особено почнало да се празни во 1960-тите поради масовното иселување во градовите и продолжило во тој правец до денес.[3]

Remove ads

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

Населението произведува жито, компири и други земјоделски производи. Во помала мера е застапено и сточарството.[3]

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads