Пешачка структура

From Wikipedia, the free encyclopedia

Пешачка структура
Remove ads

Пешачка структура е шаховски поим со кој се означува распоредот на пешаците на шаховската табла. Бидејќи пешаците се најмалку подвижни од сите борбени единици во шахот, пешачката структура е релативно статична и нејзиниот карактер најмногу е условен од стратешката природа на позицијата.

abcdefgh
8
Thumb
a7 црн пешак
b7 црн пешак
f7 црн пешак
g7 црн пешак
h7 црн пешак
d6 црн пешак
e5 црн пешак
e4 бел пешак
a2 бел пешак
b2 бел пешак
c2 бел пешак
f2 бел пешак
g2 бел пешак
h2 бел пешак
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Пешачката формација со познатата Болеславскиева дупка

Главни размислувања

Кратки факти
Повеќе информации Основи, Теорија ...

Слабостите во пешачката структура, како што се изолираните, двојните или заостанатите пешаци, како и пешачките дупки, често имаат влијание врз понатамошниот тек на партијата. Затоа, потребно е особено внимание, што треба да овозможи нивно избегнување (но има иисклучоци, како на пример Болеславскиевата дупка) и евентуално создавање на прооден пешак. Врз основа на овие структурни слабости, не е можно да се направи поделба на пешачките структури на добри или на лоши. Тоа зависи од карактерот на позицијата и распоредот на фигурите. И покрај тоа, пешачките формации влијаат на стратегијата на игра на шахистите до таа мера, што позицијата не мора да настанува од некое од вообичаените отворања. Симетричните пешачки структури, со врв, кој го најчесто го сочинуваат е- или d-пешаците имаат измамничка симетрија, бидејќи постојат разлики во нивните внатрешни одлики, како што се склоноста на кралевите за рокада на кралското крило.

Една пешачка структура често може да се трансформира во друга. Трансформацијата мора да се анализира внимателно, бидејќи истата може да предизвика промени и во стратегијата.

Remove ads

Поврзано

  • Изолиран пешак
  • Двојни пешаци
  • Заостанат пешак
  • Прооден пешак
  • Верижни пешаци
  • Еж (шах)
  • Шаховска стратегија

Корисна литература

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads