Пештерски лав

From Wikipedia, the free encyclopedia

Пештерски лав
Remove ads

{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/{{автотаксономија/Предлошка:Автотаксономија/Panthera|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}} |machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}} |machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}|machine code=parent}}

Кратки факти Пештерски лав, Научна класификација [ у ] ...

Пештерски лав (латински: Panthera spelaea), познат уште како степски лав, е изумрен вид од семејството на мачки, кој е познат преку фосилните остатоци и праисториските цртежи на ѕидовите на пештерите создадени во текот на средниот Плеистоцен и раниот Холоцен. Најстари фосили се откриени во Јакутија и стари се најмалку 62.400 години, а изумрел пред околу 13.000 години.[1]

Филогенетска анализа на фосилизираните коски од пештерскиотлав покажала дека тој значително генетски се разликува од современиот лав (Panthera leo), видот којшто ја населува Африка и Азија.[2]

Remove ads

Опис на физичкиот изглед

Thumb
Реконструкција на возрасен примерок од Panthera spelaea

Пештерски лав е еден од најголемите познати видови на лавови. Кај скелетот на возрасен мажјак, пронајдено во близина на градот Зигсдорф во Германија во 1985 година, измерено е дека бил висок во рамената околу 1,2 метри и долг 2,1 m (не сметајќи ја опашката). Овој скелет е спореден и со другите фосили на примероци од овој вид, што на крај довело до заклучок дека овој вид е за 8 до 10% поголем од денешнитех подвидови на лавови, но затоа е помал од европскиот пештерски лав (Panthera leo fossilis) и американскиот лав (Panthera atrox).[3] Пештерските лавови познати ни се и преку пештерските цртежи, глинените фигурички и резбаријата во слонови коски. Овие претстави ни покажуваат дека пештерските лавови имале заоблени, издадени уши, бушави опашки, евентуално бледи линии на грбот кои наликуваат на оние кај тигарот, а некои примероци имале наборен околувратник или примитивна грива околу вратот, што ни зборува дека се работело за мажјаци од овој вид (што укажува дека кај овој вид, како и кај денешните лавови, постоел полн диморфизам).

Remove ads

Класификација

Според некои извори пештерскиот лав (Panthera spelaea) е класифициран како подвид на лавот и имал научно име Panthera leo spelaea.[2][4][5][6] Меѓутоа, според резултатите од морфолошките студии се разликува од него во черепната и забната анатомија, од што произилегува дека пештерскиот лав (Panthera spelaea) оправдано има статус на вид.[7][8] Резултатите од филогенетските студии исто така одат во прилог на овој заклучок.[9][10][11]

Еден автор сметал дека пештерскиот лав е посроден со тигарот отколку со лавот, врз основа на споредување на формите на черепите, и го предложил научното име Panthera tigris spelaea.[12]

Еволуција

Panthera spelaea еволуирал од P. l. fossilis, кој првпат во Евроазија се појавил пред околу 700.000 години.[2] За фосилите на P. spelaea откриени во Полска утврдено е дека се стари помеѓу 109.000 и 57.000 години.[13] Во Евроазија пештерскиот лав изумрел пред 14.900-14.100 години, а во Берингија пред 13.800-13.300 години.[1]

Со анализа на митохондриската ДНК (примероци се земени од фосилизованите коски) утврдено е дека американскиот лав (P. atrox) и пештерскиот лав (P. spelaea) се сестрински таксони, и дека американскиот лав настанал од една група на пештерски лавови (P. spelaea) која останала изолирана на северноамериканскиот континент пред 340.000 години.[10]

Филогенија

Подолу прикажаниот кладограм ја претставува филогенетската врска на видот пештерски лав со останатите претставници од родот Panthera.[11]

 Pantherinae 
 Neofelis 

Neofelis nebulosa



Neofelis diardi



 Panthera 



Panthera uncia



Panthera blytheae





Panthera zdanskyi



Panthera tigris





Panthera palaeosinensis





Panthera onca



Panthera balamoides



Panthera gombaszoegensis





Panthera pardus


 Panthera leo 

Panthera shawi




Panthera leo




Panthera fossilis




Panthera spelaea



Panthera atrox



Panthera youngi










Remove ads

Поведение

Thumb
илустрација на помала група на пештерски лавови покрај убиениот ирвас

Овие активни месождери се хранеле со големи билкојадци од нивното време, што вклучува: елени (црвен елен, ирвас, лос, срна, и изумрениот ирски елен (или Мегалоцерос како инаку го нарекуваат овој вид)), европски бизони, турови, диви коњи и волнести носорози. Исто така се хранел и со повредени, стари или млади волнести мамути[14]. Својот плен го убивале со силен загриз и со оштрите заби во пределот на вратот[15]. На некои пештерски цртежи пештерските лавови се прикажувани како ловат во чопор, што ни зборува дека овие лавови ловеле на сличен начин како денешните видови каде во лов претежно оделе женките. Примерокот за анализа на изотопите во колагенот изваден од коските на пештерскиот лав нам ни зборува дека ирвасите и младенчињата на пештерската мечка биле чести во исхраната на популацијата на пештерските лавови од северозападот на Европа[16][17]. Голема промена во исхраната на пештерските лавови се случила по исчезнувањето на пештерските хиени од околината[17]. Се чини дека брз пораст на ловот на ирваси до самата точка на изумирање, од страна на пештерските лавови предизвикал изчезнување на овој подвид на лавови од подрачјата кои ги населувал[17].

Распространетост и живеалиште

Thumb
илустрација на мегафауна од леденото доба на подрачјето на денешна северна Шпанија

Пештерскиот лав живеел од средниот Плеистоцен до раниот Холоцен и го населувал подрачјето на Европа (од Велика Британија, Германија и Шпанија[18] па до Источна Европа и Балканот), Азија (Русија и Туркестан)[19] и на северозападот на Северна Америка (Алјаска и Јукон).

Пештерскиот лав го добил своето име по тоа што остатоците од овој подвид се најдени во големи количества во пештерите[14]. Главно живеел во рамници и шуми[20], каде живееле средно големите тревопасни животни . Фосилните отпечатоци од овие лавови, кои можат да се најдат заедно со отпечатоци на ирваси, ни укажуваат дека овие лавови ги населувале и подрачјата со субполарна клима. Присуство на скелети на возрасни примероци од овие лавови во дувла кои некогаш ги користеле пештерските мечки ни укажува на тоа дека пештерските лавови понекогаш ловеле и убивале пештерски мечки додека биле во фаза на зимска хибернација. Еден број од овие скелети ни укажуваат дека некои примероци страдале во обид да совладаат мечка[21].

Remove ads

Фосили

Remove ads

Пештерски цртежи и фигурички од пештерски лав

Remove ads

Поврзано

Наводи

Литература

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads