Писокал
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Писокал — историско село во јужниот дел на Македонија, на територијата на денешната општина Прилеп. Се наоѓа на атарот на селото Кален. Селото било расположено на преминот меѓу Дрен Планина од север и Селечка Планина од југ, меѓу селата Бонче и Кален.

Во XIX век Писокал било мало село во Прилепската каза на Османлиското Царство. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Писукал (Pissoukal) било село со 9 домаќинства и 46 жители[2]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија: Етнографија и статистика“) од 1900 година, Писокал имало 80 жители, сите христијани[3]. Според податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Писокал (Pissokal) имало 32 под врховенството на Бугарската егзархија.[4] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Писокал се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 4 куќи.[5] Во XX век во месноста Писокал е изградена црквата „Свети Илија“[6]. Денес во непсоредна близина се наоѓа и малото Писокалско Езеро.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads