Кален

село во Општина Прилеп From Wikipedia, the free encyclopedia

Каленmap
Remove ads

Кален — село во Општина Прилеп, во областа Мариово, во околината на градот Прилеп.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Поглед на селото од селските гробишта, сместени околу црквата „Св. Спас“

Селото Кален се наоѓа во северозападниот дел на областа Мариово односно во пределот наречен Мало или Прилепско Мариово на подрачјето на некогашната Општина Витолиште, а денес се наоѓа во јужниот дел на постојаната Општина Прилеп. Сместено е на десната страна во долот на Кокречка Река близу нејзиниот состав со Дуњска Река во подножјето на источната падина на Селечка Планина и нејзиниот преслап кон Дрен Планина. Селото Кален се наоѓа недалеку од левата страна на регионалниот пат Прилеп - Витолиште, со кој е поврзано со асфалтиран пат.[2]

Од градот Прилеп се наоѓа на растојание од 26 километри.[2] Кален е ридско село, сместено на 640 метри надморска височина.[2]

Неговиот атар се протега на 22,6 км2, што претставува големо подрачје. Главно на тоа подрачје преовладуваат пасиштата на 1.433 ха, обработливо земјиште зазема 533 ха и на шумите отпаѓаат само 52 ха.[2] Самото село и околината се лишени од дрвна растителност од која се застапени само тополи во долот на потокот, круши, ореви и нискостеблести грмушести растенија.

Remove ads

Историја

Најстариот запис во кој се споменува селото Кален потекнува од втората половина на XV век односно од турските пописни дефтери од 1476/77 година кога во селото живееле 6 семејства, потоа во 1481/82 биле попишани 19 домаќинства, за потоа да бележат пораст на 63 домови во 1519 година, а потоа опаѓање на 36 домаќинства во 1528/29 и благо намалување на 34 семејства во 1544/45 година.[3]

Во XIX век, Кален било село во Мариовската нахија во рамките на Прилепската каза на Отоманското Царство.

Во овој период Кален спаѓало во нахијата Мориово во Прилепската каза.[3] Во својот запис објавен во „Цариградски весник“ под наслов „Споменик за села називаеми Мориево прилепско. Статистическо описание“ на 21 ноември 1859 за селата во Мариово, македонскиот просветител Јордан Хаџи Константинов-Џинот за селото Кален запишал дека имало 45 куќи и црква Свети Спас.[4]

Во 1904 година за време на празникот Спасовден во селото потпомогната од локални гркомани, упаднала андартска чета, која го запалила селото и масакрирала 16 селани. По масакрот во Кален, андартите се упатиле во Кокре, каде што селаните претходно се подготвиле за нападот и ја разбиле грчката чета.

Remove ads

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кален имало 360 жители.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година, во селото имало 376 жители.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Кален се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 57 куќи.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[8]

Состојбата со населението низ годините во селото се движела во надолна линија, па така од некогашните 239 жители во 1948 година, бројот на жителите растел сѐ до 1961 година кога во Кален живееле 336 жители, од кога започнал драстичниот при што во 1994 тоа спаднало на 38 жители, а со последниот одржан попис во Македонија, во 2002 година, селото имало само 19 жители.

Според пописот од 2002 година, во селото Кален живеат само 19 жители, сите Македонци.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 5 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

Кален е македонско православно село.

Во селото Кален, како и останатите мариовски села, отсекогаш исклучиво живееле Македонци со православна христијанска вероисповед. Староседелски родови се: Бошнаковци, Ѓорѓиовци, Митревци.

Remove ads

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на големата Општина Прилеп, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било дел од некогашната Општина Витолиште.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Прилеп. Селото припаѓало на некогашната општина Мориово во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Дуње, во која покрај селото Кален, се наоѓале и селата Вепрчани, Дуње, Ѓуѓаково, Кокре, Крушевица, Пештани и Чаниште. Општината Дуње постоела и во периодот 1950-1952 година.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1521 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 12 гласачи.[15]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Thumb
Црквата „Св. Спас“ во селото Кален
Цркви[16]
Археолошки наоѓалишта
  • Грамаѓе — населба и некропола од римското време;
  • Катун — средновековна населба;
  • Маркови Кули — тврдина од доцноантичкото време и средниот век. На доминантна карпеста височина со зарамнето плато се гледаат остатоци од разурнати градби. Од северозападната страна тврдината е заштитена со дебели бедемски ѕидови а од југоисточната со стрмни карпи. Вдлабнатите кружни отвори во карпите упатуваат на лежишта од конструкции на градби. Тврдината има две нивоа. Била изградена и користена во рановизантискиот период, а обновена во средниот век;
  • Темник–Отспроти — некропола од хеленистичкото време
  • Трпчева Црква — средновековна населба и црква
  • Црква Св.Спас — осамени наоди од римското време. Во западниот ѕид на селската црква, од надворешната страна се вградени 4 мермерни сполии, а во источниот три сполии. Чесната трпеза во олтарот е направена од мермерна плоча;
  • Црквиште — старохристијанска црква.
Remove ads

Иселеништво

Од Кален се има иселено поголемиот дел од жителите.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads