Питагорина тројка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Питагорина тројка – подредена тројка природни броеви a, b, и c за кои важи равенката a2 + b2 = c2. Броевите за кои важи дадениот однос обично се запишува во облик (a, b, c). Еден од најстарите познати примери е тројката (3, 4, 5), која може да се најде во оставината на древните Вавилонци и Египќани.[1]

Доколку (a, b, c) е Питагорина тројка, тогаш тоа е и секоја тројка во облик (ka, kb, kc) каде k е произволен природен број. Основна Питагорина тројка е тројка во која броевите a, b и c се заемно прости.
Remove ads
Наводи
Литература
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads