Планинарски дом „Смрека“

From Wikipedia, the free encyclopedia

Планинарски дом „Смрека“
Remove ads

Планинарски дом „Смрека“ — планинарски дом и смесртувачки капацитет кој е сместен во Скијачкиот центар на Попова Шапка на 1800 м.н.в. во централниот дел на најголемиот планински масив во Македонија, Шар Планина. До него се стигнува преку добар 20-километарски асфалтен пат од градот Тетово. Со домот управува планинарското друштво „Трансверзалец“ од Скопје.

Thumb
Поглед на планинарскиот дом „Смрека“ со Церипашина во позадината
Remove ads

Сместување

Вкупниот капацитет на домот е 102 кревета, од кои 95 се регуларни кревети а 7 помошни. Креветите се распоредени во 15 соби од кои 6 се четворо-креветни со бања, а останатите соби имаат заеднички бањи (една бања на секои три соби). Домот е отворен преку целата година, во него работи бифе со ресторан со 98 места, диско клуб – пинг-понг сала, перална, ТВ сала. Домот се затоплува со централно греење. Покрај, планинари, скијачи, алпинисти и спортисти, во домот често се сместени и престојуваат поголеми групи на студенти кои одржуваат семинари и научни истражувачи.

Remove ads

Планинарење, прошетки и активности

Од домот постојат голем број на обележани (маркирани) планинарски и велосипедски патеки кои освен до Четирите централни и највисоки шарски врвови - Титов Врв (2748 м.), Мал Турчин (2702), Бакардан (2071), Плат (2398 м.) и долината на Лешница со изворите на реките Пена и Смрека, можни се и планинарски тури по цела Средна Шара кон врвовите Трапезица, Џинибег, Бориславец, Боговињско, Бело и Црно Езеро. Посебно препознатлива е обележаната планинарска патека наречена „Вргањ“ која движејќи се кон Јелак и Плат минува низ густи прашумски предели во кои има изобилство на печурки - вргањ и шумски плодови. Од паркингот пред домот започнува и патеката за планинскиот-велосипедски маратон „Шарски Води“ во долижина од 90 км.

Remove ads

Галерија

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads