Поатје
општина во Вјена, Франција From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Поатје (француски: Poitiers) — град во Франција, главен град на департманот Вјена во регионот Аквитанија-Лимузен-Поату-Шаранта. Според податоците од 2006 г. местото имало 88.776 жители. Познат е како универзитетски град со над 27.000 студенти. Градот се наоѓа на реката Клен.
Remove ads
Историја
За време на стариот Рим, Поатје бил значаен град со голем амфитеатар и бањи.
Во Бица, кај Поатје од 10 октомври 732 г., франкискиот водач Карло Мартел го запрел продорот на Маврите кон Средна Европа.
Францускиот крал Јован II Добриот, бил поразен и заробен од Англичаните во Битката кај Поатје во 1356 г. Поатје бил главен град на историската област Поату, од каде владееле грофовите на Поатје.
Знаменитости
Во Поатје постојат 78 заштитени културни споменици, посебно од времето на романската архитектура (романика).
- Крстилница „Св. Јован“ од IV век, втора најстара црква во Франција
- Палата на правдата во Поартје било седиште на Аквитанија
- Црква Нотр Дам ла Гранд, најстара романтичка црква во Европа.
- Катедралата во Поатје, Катедрала Св. Петар од XII век
- Музеј Сен Кроа
- Црква Сен Илер ле Гранд од XI век
- Футуроскоп, забавен парк кој ја презентира модерната вузиелна технологија за комуникација. Се наоѓа на околу 10 километри северно од Поатје.
Remove ads
Надворешни врски
- Мрежно место на градот Поатје Архивирано на 18 јуни 2021 г.
- Туристичко биро
- Фотографии од катедралата Архивирано на 16 ноември 2007 г.
- База на податоци — INSEE (француски)
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads