Поговор
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Поговор, понекогаш и епилог — пишан текст на крајот од книжевно дело, кое најчесто се користи да се стави крај или завршеток на приказната.[1] Спротивно на поговорот е предговорот, кој е пишан текст на почетокот на приказната (пред да започне приказната), чија цел е да се отпочне самата приказна или да го заземе вниманието на читателот.[2]
Remove ads
Книжевност
Поговорот е последната глава на делото, на крај од приказната, кој служи да се откријат судбините на ликовите. Некои поговори може да содржат сцени кои се делумно поврзани со предметот на приказната. Тие може да се користат да дадат навестувања за можен продолжеток, или да заокружат недоволно јасен крај. Тие се појавуваат во значаен период во времето откако завршило главното дејство. Во некои случаи, поговорот се користи да му овозможи на главниот лик „слободно да зборува“. Поговорот може да продолжи во истиот расказен стил и перспектива како самата приказна, иако формата на поговорот може понекогаш драстично да биде различна од целокупната приказна.
Remove ads
Поврзано
- Книжевност
- Предговор
- Книжевно дејство
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads