Полицентричен јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Полицентричен јазик[1][2] или плурицентричен јазик, е јазик кој има повеќе од една стандардна форма, во пишана или говорна форма.
Полицентрични јазици
- Англискиот јазик е полицентричен јазик со неколку јазични норми. Некои од нормите на англискиот јазик се: британски англиски јазик, американски англиски јазик, ирски англиски јазик, шкотски јазик (германски), австралиски англиски јазик, јужноафрикански англиски јазик и многу други варијанти во регионите каде се протегала Британската Империја.
- Францускиот јазик има три стандардни форми: стандарден француски јазик, канадскофранцуски јазик и меѓународен француски јазик.
- Српскохрватскиот е полицентричен јазик со четири стандардизирани норми: српски јазик, хрватски јазик, босански јазик и црногорски јазик[3][4][5] Овие јазици се разликуваат до одреден степен, но не до тој степен за да не можат да се разберат.[6][7][8]
- Ерменскиот има две литературни норми: источноерменски јазик и западноерменски јазик
- Холандскиот и африканс, иако се посебни јазици, може да се сметаат за две норми на еден јазик.
- Корејскиот јазик има две норми, една со Јужна Кореја, една во Северна Кореја.
- коми, кој е уралски јазик и се зборува во Русија, има две стандардни норми: комиско-зирјански јазик и комиско-пермјачки јазик.
- Курдскиот има две литературни норми: севернокурдски јазик и централнокурдски јазик.
- Малајскиот и индонезискиот се сметаат за две стандардни норми на еден јазик. Двата јазика денес се сметаат за засебни.
- Романскиот и моладавскиот јазик се две норми на еден јазик, иако понекогаш се сметаат за засебни.
- Персискиот има три стандардни норми: дари, таџички јазик и персиски јазик.
- Каталонскиот и валенсискиот јазик се сметаат за две стандардни норми на еден јазик. Двете норми имаат различен правопис и се користат двете посебни имиња.
- Кинескиот има две пишани стандардни норми: упростено кинеско писмо и традиционално кинеско писмо. Што се однесува за говорниот јазик, стандардни норми на кинескиот јазик се: мандарински јазик и кантонски јазик. Јазикот има поголем број дијалекти кои не се сосема разбирливи меѓу себе.
- Хинди и урду се две стандардни норми на еден јазик.
- Португалскиот јазик има две стандардни норми: европски португалски јазик и бразилски португалски јазик.
Remove ads
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads