Полска филмска школа

From Wikipedia, the free encyclopedia

Полска филмска школа
Remove ads

Полска филмска школа (полски: Polska Szkoła Filmowa) — претставува група на полски режисери и сценаристи што делувале и создавале помеѓу 1955 и 1963 година.[1]

Thumb
Вајда Куц

Оваа група била под влијание на италијанскиот неореализам. Либералните промени што се случиле во Полска по 1956 години помогнале да се промени ракурсот во согледбите на историските и социјалните случувања и прилики.[2] Особено за поинаквите гледишта за време на Втората светска војна и германската окупација.

Меѓу најважните теми биле поранешните војници на полското движење на отпорот и нивната улога во повоената полска историја како и националните трагедии како што биле концентрациските логори и Варшавското востание.[3] Политичките промени овозможиле групата јавно да размислува за неодамнешната полска историја.

Полската филмска школа била прва што го истакнувала националниот карактер на Полјаците и едно од првите уметнички движења во Средна Европа што отворено се спротивставила на движењето и диктатот на социјалистичкиот реализам.[4]

Thumb
Палецот на Оскар Кон Лоѓ

Членовите на движењето честопати ја истакнувале улогата на поединецот во однос на општеството.

Remove ads

Поистакнати режисери и филмови

  • Анджеј Вајда[5]
    • Канал (1956)
    • Пепел и дијаманти (1958)
  • Анджеј Мунк
    • Човек на патеката (1956)
    • Херојство (1958)
    • Лоша среќа (1959)
    • Патничка (1963)
  • Јержи Ковалерович
    • Вистинскиот крај на големата војна (1957)
    • Ноќен воз (1959)
    • Мајката на Јован Ангелот (1961)
  • Војќех Хас
    • Збогувања (1958)
    • Како да се сакаш (1963)
  • Казимјеж Куц
    • Крст на храброста (1958)
    • Никој не се јавува (1960)
    • Луѓето од возот (1961)
  • Тадеуш Конвицки
    • Зимски самрак (1957)
    • Последниот ден на летото (1958)
    • Сите денови на душите (1961)
  • Станислав Розович
    • Слободен град (1958)
    • Извод на родени (1961)
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads