Полувреме на елиминација

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Полувреме на елиминација (полувреме на излачување или биолошко полувреме) e време кое е потребно некоја материја (лек, радиоактивен елемент и друго) да ги изгуби половина од своите фармаколошки, физиолошки или радиолошки активности[1][2] (-{MeSH}- definicija). Во медицински контекст, полуживот исто така може да се опише како време кое е потребно на концентрација на супстанца во крвната плазма да се преполови.

Полувреме на елиминација е важен фармакокинетички параметар и обично се обележува како t1/2[3], a понекогаш и како -{b1/2}- да би се разликувал од времето на полураспад на радиоактивните елементи.[4] Додека радиоактивните изотопи се распаѓаат по принципите на кинетиката, пак брзината на распадањето им е рамномерна, излачувањето на материјата од жив организам се заснова на многу покомплексни принципи, поради акумулација во ткивата, присуствата на активните метаболити, и интеракции со рецепторите, пак е многу потешко да зе измери.[5]

Remove ads

Примери

Вода

Биолошкиот полуживот на водата во човек е околу 7 до 14 дена. Конзумација на големи количини на алкохол го редуцира биолошкиот полуживот на водата во тело [6][7]. Тоа може да се користи за деконтаминација на луѓето кои се контаминирани со трициумска вода (трициум).

Алкохол

Отстранување на етанолот (алкохол за пиење) со помош на оксидација на алкохолна дехидрогеназа во црниот дроб е ограничено во човечкото тело. Поради таа причина отстранувањето на поголемите количини на алкохол од крвта може да следи со кинетика на нултиот сепен. Реакциски чекор кој ја ограничува брзината на разложување на една супстанца може да биде заеднички со други супстанци. На пример, концентрацијата на етанолот во крвта ја условува кинетиката на метанолот и етилен гликолот. Оксиацијата на метанол во токсичен формалдехид и киселина на мравки може да се спречи со внес на соодветна количина на етанол во телото на личноста која е затруена со метанол. Метанолот е многу токсичен и може да предизвика слепило и смрт. Личноста која е затруена со етилен гликол може да биде третирана на ист начин.

Лекови

Повеќе информации Супстанции, Полуживот ...

Метали

  • Полувреме на елиминација на цезијумот кај луѓето е помеѓу еден или четири месеци. Овој период може да биде скратен со внесот на тегет. Таа супстанца во дигестивниот систем делува како цврст разменувач на јони кој ги апсорбира цезијумските и ги ослободува калиумските јони.
  • Полониумот во телото има полуживот од 30 до 50 дена.
  • Живата (како метил-жива) во телото има полуживот од околу 65 дена.
  • Оловото во коските има полуживот од околу десет години.
  • Кадмиумот во коските има полуживот од околу 30 години.
  • Плотониумот во коските има полуживот од околу 100 години.
  • Плутониумот во црниот дроб има полуживот од околу 30 години.
Remove ads

Поврзано

  • Време на полураспаѓање

Наводи

Литература

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads