Полунаводници
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Полунаводници (‘’) се интерпункциски знак. Постојат два вида полунаводници: отворени (’‘) и затворени (‘’) полунаводници[1].
Remove ads
Отворени полунаводници
Отворени полунаводници употребуваме:
- кога текстот е даден во наводници и ако сакаме да изделиме некој збор или дел од текстот што е цитиран или искажан од друг; На пример:
Кога слушна што зборувале, Никола избувна: „Не можам да се оптоварувам со тоа дека сум им кажал или не сум им кажал ’добро утро, добар ден‘. Здодевни се веќе со нивното лицемерие!“
Затворени полунаводници
Затворени полунаводници употребуваме:
- кога толкуваме значење на некој збор. На пример:
Тоа се учи во синтаксата ‘науката за реченицата’.
- Употребата на полунаводниците се сведува на првото правило, односно кога текстот е во наводници за да не се употребат уште едни наводници, се користат тие.
Кога толкуваме значење на некој збор почесто употребуваме загради за дообјаснување. Со техничките можности, пак, почесто употребуваме: закосени, задебелени, подвлечени зборови и комбинација од трите[2].
На пример:
За именскиот прирок учевме во првото полугодие, кога работевме синтакса (наука за реченицата).
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads