Три точки

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Три точки (се пишуваат и бележат со ) — интерпункциски знак кој означува дека текстот е изоставен, ненаведен или недовршен.[1]

Кратки факти ... Интерпункција, Одделување на зборови ...
Remove ads

Употреба

Три точки се пишуваат:

  • на крајот на незавршен исказ или во средината на реченицата ако се јавува прекин. Пред нив нема белина (празно место), односно се пишуваат веднаш зад последниот збор, а по нив има белина.

Примери: Не знае дека тука тешко се живее, не знае дека нема за леб, не знае… Ќе дојде, па ќе види.

Сите ќе слушнат за мојата радост… за успехот на мојот син.


  • во незавршен исказ од прашални или извични реченици;

Пример: Ах!… Толку болка!… Ќе има ли сето ова крај?…


  • за означување застој во говорот или при испрекинато зборување;

Примери: Да… токму така, денес е тој ден.

Зо… зо… зошто не ми кажа веднаш?


  • при пренесување делови од разговор (телефонски, електронски) за обележување застој и подолга пауза во исказот;

пример: – Добар ден… се јавувам во врска со наградната игра.


  • за означување прекин на натамошно набројување;

Пример:Македонија е земја на сонцето, планините, водите…


Во овој случај, наместо трите точки, може да употребиме зборови и кратенки, како: и така натаму (итн.),  и слично (и сл.), и друго (и др.).

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads