Попадика
видови риби From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Попадика, еѓупка или легла (латински: Vimba melanops ) – вид речна риба[1]
Remove ads
Опис и распространетост
Попадиката која се сретнува во средниот и долниот дел на реката Вардар има вретенесто, издолжено и странично сплескано тело. Бојата на телото ѝ е сивкаво сребреста, до зеленикава на грбниот дел, додека на страните и на стомачниот дел е светлосивкава до сребрена. Перките се со благо портокалова нијанса, а често може да се сивкави до белузлави. Има релативно мала глава и изразена долна уста.
Основни биолошки одлики
Попадиката живее главно во деловите од реката со послабо струење на водата. Достигнува должина до 50 cm и маса од 3 kg, иако такви примероци се ретки. Во водите во Република Македонија воопшто не се среќаваат покрупни примероци на попадики од 800 g. За време на мрест по телото се појавуваат брадавичести израстоци, а машките единки потемнуваат. Се мрести во периодот мај до јули во плитка вода на каменито и чакалесто дно каде водената струја е посилна. Женските единки полагаат над 100.000 зрна икри чија инкубација трае три до десет дена, зависно од температурата на водата. Најчесто се храни со фауната на дното (црви, мекотели, ларви на инсекти и др.).
Remove ads
Значење
Попадиката има значење од аспект на рекреативен риболов. Претставува вид на риба, привлечна за рекреативен риболов. Месото е вкусно, иако има многу ситни коски.
Забранет риболов
Во Македонија риболовот на попадиката е забранет од 5 мај до 5 јуни.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads