Попово Село (Ениџевардарско)
поранешно село во Ениџевардарско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Попово Село (грчки: Ποποβοσέλο) — поранешно село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Постол во областа Централна Македонија, Грција.
Оваа статија се однесува на за историско село во Ениџевардарско. За селото во Драмско, погл. Попово Село (Драмско).
Remove ads
Географија
Селото се наоѓало во југозападните падини на планината Пајак, северозападно од градот Пазар (Ениџе Вардар) и околу 5 км југоисточно од Тодорци.[1]
Историја
Во Отоманското Царство
Во XIX век Попово Село било село во Ениџевардарската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Попово Село броело 55 жители, сите Македонци христијани.[2][3] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Попово Село живееле 32 Македонци под врховенството на Цариградската патријаршија Симовски го наведува Мишев, т.е. Бранков со 80 жители).[1][4]
Во Грција
Во 1912 г. селото е окупирано од грчка војска. Регистрирано е како населба со христијанска вероисповед и македонски јазик. Во неговиот патописен попис од 1917-18 г. Боривое Милоевиќ го заведува со 7 македонски куќи.[1] Обата извора имаат малку застарени податоци, бидејќи се смета дека населението се иселило од Попово Село уште во 1911 г., прибирајќи се во повеќе села — четири семејства во Тодорци, две во Бабјани и едно во Свети Илија. По Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција, кога е заведено како веќе напуштена населба.[1]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads