Преб’диште

From Wikipedia, the free encyclopedia

Преб’диштеmap
Remove ads

Пребдиште (грчки: Σωσάνδρα, Сосандра; до 1922 г. Πρεμπόδιστα, Пребодиста[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Меглен на Постолскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.008 жители (2021). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци, а денес е мешано.[3]

Кратки факти Преб’диште Σωσάνδρα, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото е местено во северниот дел на котлината Меглен, околу 4 км северозападно од С’ботско.[3]

Потекло на името

Според едно предание, селото го носи ова име бидејќи често се преселувало, односно дека било преп’д’но што значи „гонето“ на месниот мегленски говор.[3] Според друга претпоставка, името доаѓа од првичното <span class="unicode"><span class="unicode"> (Пребондиште), наречено по Пребонд, кнезот на македонските Словени.[4]

Историја

Праисторија

В 2007 г. кај Преб’диште е откриена населба од неолитот, денес наречена Преб’дишка неолитна населба.[5]

Во Отоманското Царство

Во дадено време еден дел од жителите на Преб’диште го прифатиле исламот за да ја обезбедат својата лична и имотна сигурност. Во XIX век е заведено како Воденската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Преб’диште (Прѣбѫдица или Прибѫдище) живееле 250 Македонци-христијани и 1.080 Македонци-муслимани.[6][7]

Во овој период во селото работела грчката пропаганда. Целото христијанско население било под врховенството на Цариградската патријаршија. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Пребудиште (Preboudichté) имало 448 Македонци под патријаршијата (грчката црква) и во селото работело грчко училиште.[6][8] Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни ова македонско село имало 55 христијански и 200 муслимански куќи.[3]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 1.435 жители, кои во 1920 г. спаднале на 1.176.[3] Во 1920-тите муслиманското македонско население на Преб’диште е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место властите довеле грчки колонисти од Мала Азија. Така, селото станало етнички мешано, и во 1928 г. имало 908 жители, од кои 628 (148 семејства) биле грчки дојденци.[9]

Во 1940 г. Преб’диште пораснало на 1.178 жители, од кои 505 биле домородни Македонци, а 673 биле грчки дојденци.[3] Бидејќи било сместено вон воените дејства, селото не настрадало во Граѓанската војна, па во 1951 г. имало 1.131 жител. Исклучок од ова биле неколку македонски семејства кои пребегале во Р Македонија поради нивното учество во НОФ.[3]

Според истражување од 1993 г. Преб’диште е мешано македонско-дојденско село во кое македонскиот јазик“ е зачуван на средно ниво.[10]

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

Селото се смета за доста богато бидејќи лежи во поле и земјата се наводнува од Голема Река (Пожарска Река). Главни производи се индустриските пиперки, овошјето, тутунот, десертното грозје и друго.[3]

Знаменитости

  • Преб’дишка неолитна населба — населба од неолитско време 1 км југозападно од селото, откриена во 2007 г.
  • Преб’дишки воденици — воденици од крајот на XIX и почетокот на XX век, прогласени за споменици на културата во 1988 г.[11][12]

Поврзано

Наводи

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads