Преднонепчена странична приближна согласка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Преднонепчената странична приближна согласка е вид на согласка присутна во некои јазици. Нејзиниот симбол во Меѓународната фонетска азбука е ⟨ʎ ⟩, превртено мало „у“[1], а X-SAMPA ја претставува со L.
Во македонскиот јазик, овој глас е присутен во љ и лј.[2]
Remove ads
Особености
Преднонепчената странична приближна согласка ги има следниве особености:
- Начинот на творба е приближен, што значи дека се добива со приближување (стеснување) на гласниот апарат во местото на творба, но не доволно за да се создаде бурен воздушен тек.
- Местото на творба е преднонепчено, што значи дека се создава со средниот или задниот дел на јазикот кога е повишен до предното (тврдо) непце.
- Фонацијата е звучна, што значи дека гласните жици треперат при творбата.
- Ова е устена согласка, што значи дека воздухот излегува само низ устата.
- Согласката е странична, што значи дека се добива со насочување на воздушниот тек по страните на јазикот, наместо по средината.
- Воздушниот механизам е белодробно издишен, што значи дека се создава со истиснување на воздух единствено низ белите дробови и дијафрагмата, што важи за највеќето гласови.
Remove ads
Јазици
Многу јазици за кои се смета дека ја имаат оваа согласка, всушност имаат венечно-преднонепчена странична согласка. Тука спаѓаат и македонскиот, португалскиот и други јазици. Ова важи за неколку од долунаведените јазици:
Remove ads
Поврзано
- Венечно-преднонепчена странична согласка
Наводи
Bibliography
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads