Странична согласка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Странична согласка (латерална согласка) — согласка каде воздухот при творбата тече по страните на јазикот, кој не му дава да оди по средината.
Најчесто врвот на јазикот се допира до горните заби (вид. забна согласка) или горното непце (венец) веднаш зад нив (вид. венечна согласка). Најзастапени странични согласки се приближните кои припаѓаат на класата на течни согласки, иако во некои делови од светот често се среќаваат струјни и слеани согласки од овој вид.
Уснените струјни согласки [f v] честопати (можеби и најчесто) имаат страничен воздушен тек, бидејќи усната го попречува текот по средината, но сепак не се сметаат за странични поради тоа што ниеден јазик не прави разлика помеѓу тие можности. Избувните согласки никогаш не се странични, а истата разлика е бесмислена кај носните согласки и согласките што се создаваат во грлото.
Во македонскиот јазик странични се гласовите л и љ.
Remove ads
Список на странични согласки
Приближни
- венечна странична приближна согласка [l] (макед. л)
- веларизирана венечна странична приближна согласка [ɫ]
- свиена странична приближна согласка [ɭ]
- преднонепчена странична приближна согласка [ʎ] (макед. љ)
- заднонепчена странична приближна согласка [ʟ]
Струјни
- безвучна венечна странична струјна согласка [ɬ] (навахо, велшки)
- звучна венечна странична струјна согласка [ɮ] (монголски, тигак)
- безвучна свиена странична струјна согласка [ɬ̢] (или []) (тода)
- безвучна преднонепчена странична струјна согласка [ʎ̥˔] (или []) (дахало)
- звучна заднонепчена странична струјна согласка [ʟ̝] (арчински)
- безвучна заднонепчена странична струјна согласка [ʟ̝̊] (или []) (арчински, ни)
Слеани
- безвучна венечна странична слеана согласка[tɬ] (навахо)
- исфрлена венечна странична слеана согласка [tɬʼ] ( навахо)
- звучна венечна странична слеана согласка [dɮ]
- безвучна преднонепчена странична слеана согласка [cʎ̥] (или [c]) (хаѕа)
- исфрлена преднонепчена странична слеана согласка [cʎ̥ʼ] (или [cʼ]) (дахало, хаѕа)
- звучна заднонепчена странична слеана согласка [ɡʟ̝] (лагху)
- безвучна заднонепчена странична слеана согласка [kʟ̝̊] (или [k]) (арчински, и лагху)
- исфрлена заднонепчена странична слеана согласка [kʟ̝̊ʼ] (или [kʼ]) (арчински, гǀви, зулу)
Едноударни
- венечна странична едноударна согласка [ɺ] (вајуански)
- свиена странична едноударна согласка [ɺ̢] (или []) (паштунски, иваидја)
- преднонепчена странична едноударна согласка [ʎ̯] (иваидја)
Исфрлени
- венечна странична исфрлена струјна согласка [ɬ’] (адигејски)
- венечна странична исфрлена слеана согласка [tɬ’]
- преднонепчена странична исфрлена слеана согласка [cʎ̥ʼ]
- заднонепчена странична исфрлена слеана согласка [kʟ̝̊ʼ]
Чкрапави
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads