Преднонепчена странична приближна согласка

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Преднонепчената странична приближна согласка е вид на согласка присутна во некои јазици. Нејзиниот симбол во Меѓународната фонетска азбука е ⟨ʎ⟩, превртено мало „у“[1], а X-SAMPA ја претставува со L.

Кратки факти Преднонепчена странична приближна согласка, ʎ ...

Во македонскиот јазик, овој глас е присутен во љ и лј.[2]

Remove ads

Особености

Преднонепчената странична приближна согласка ги има следниве особености:

  • Начинот на творба е приближен, што значи дека се добива со приближување (стеснување) на гласниот апарат во местото на творба, но не доволно за да се создаде бурен воздушен тек.
  • Местото на творба е преднонепчено, што значи дека се создава со средниот или задниот дел на јазикот кога е повишен до предното (тврдо) непце.
  • Фонацијата е звучна, што значи дека гласните жици треперат при творбата.
  • Ова е устена согласка, што значи дека воздухот излегува само низ устата.
  • Согласката е странична, што значи дека се добива со насочување на воздушниот тек по страните на јазикот, наместо по средината.
  • Воздушниот механизам е белодробно издишен, што значи дека се создава со истиснување на воздух единствено низ белите дробови и дијафрагмата, што важи за највеќето гласови.
Remove ads

Јазици

Многу јазици за кои се смета дека ја имаат оваа согласка, всушност имаат венечно-преднонепчена странична согласка. Тука спаѓаат и македонскиот, португалскиот и други јазици. Ова важи за неколку од долунаведените јазици:

Повеќе информации Јазик, Збор ...
Remove ads

Поврзано

  • Венечно-преднонепчена странична согласка

Наводи

Bibliography

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads