Прекината рамномерна распределба
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Во веројатностa и во статистиката, дискретна рамномерна распределба U(N), N∈ℕ, N≥2 е случаен експеримент со N еднаквоможни исходи.[1]
Remove ads
Одлики на рамномерна распределба U(N)
- Рамномерната распределба е потполно определена со бројот N, N∈ℕ, N≥2.
- Дискретната рамномерна распределба е дискретна распределба со дискретна случајна променлива со N елементи: X={1,2,...,N} (обично).
- Веројатноста Pr(X=k) на секој исход е еднаква бидејќи исходите се еднаквоможни, k∈X.
Според основните принципи на веројатноста, следува дека
- Доказ: Сите веројатности Pr(X=k) се еднакви, а нивниот збир треба да е 1. Има N од нив. Значи Pr(X=k)=1/N. Проверка:
Remove ads
Распределби на дискретна рамномерна распределба
- Рамномерна распределба U(N) ја има дискретната случајна променлива: X={1,...,N}.
Закон на распределба - PDF на U(N)
Кумулативна распределба - CDF на U(N)
Remove ads
Мерки на дискретна рамномерна распределба
- Очекувана вредност E(x) [2]
- Дисперзија σ2 [3]

Пример: Опитот е: Фрлање на фер коцка со десет страни и запишување на резултатот (на горната страна).
Соодветна дискретна (конечна) случајна променлива е X={1,2,3,4,5,6,7,8,9,10}. Бидејќи е фер коцка, сите исходи, т.е. сите N=10 елементи на Х се еднаквоможни со веројатност 1/10=0,1. (Ова е рамномерната распределба U(10).)
Очекуваната вредност: | E(x) = N+1/2=10+1/2 = 11/2 = 5,5 |
Дисперзијата: | σ2 = (N²-1)/12 = (10²-1)/12 = 99/12 = 8,25 |
Стандардното отстапување: | σ ≈ 2,87 |
Забелешка: floor е математичка функција од ℝ во ℤ со floor(x)=„најголемиот цел број не поголем од х“.[4]
Remove ads
Претставување на рамномерната распределба со Геогебра
За графички приказ на PDF-от, т.е. Законот на распределба и на CDF-от, т.е. кумулативна распределба на рамномерна распределба (дискретна) може да се користи бесплатниот софтвер Геогебра.[5]
Дефиниции специфични за дискретна рамномерна распределба се:
N=10 (или соодветен лизгач)
list1=Sequence[k,k,1,N] Ја дефинира list1 со елементите на случајната променлива.
list2=Sequence[1/N,k,1,N] Ја дефинира list2 со веројатностите.
Соодветните наредби на македонски (внимавајте на кирилица и латиница) се:
листа1=Низа[k,k,1,N]
листа2=Низа[1/N, k, 1, N]
Понатамошните дефиниции се исти за сите дискретни случајни променливи (види дискретна случајна променлива).
Remove ads
Наводи
Поврзани теми
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads