Премиер лига на Англија 2011-2012

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Сезоната 2011-12 во Премиер лигата беше 20-та сезона од основањето на Премиер лигата во 1992. Сезоната започнала на 13 август 2011, а завршила на 13 мај 2012.

Титулата ја освоила екипата на Манчестер Сити, нивна прва по 1968 година. Во драматичен крај на првенството Сити станал шампион благодарение на подобрата гол-разлика од градскиот соперник Манчестер Јунајтед иако двата тима биле изедначени со по 89 освоени бодови. Во последното коло од првенството, Сити на домашен терен ги победиле Квинс Парк Ренџерс со 3-2, со два гола за пресврт во судиското продолжение постигнати од страна на Един Џеко и Серхио Агуеро. Оваа била една од најизвесните и надраматичните сезони во Премиер лигата, бидејќи шампионот не беше познат до самиот крај на натпреварите од последното коло. Исто така за првпат во историјата на Премиер лигата гол-разликата го одредила шампионот. За Манчестер Сити ова е трета титула во Англискиот фудбал и прва титула во Премиер лигата, со што станале петтиот тим кој ја освоил титулата. Сезоната е прогласена за најдобра од сите претходни 20.

Покрај Манчестерските соперници, во шампионската лига се пласирале и екипите на Арсенал и Челзи (благодарение на титулата освоена во оваа сезона). Од лигата испаднале Болтон, Блекбурн и Вулверхемптон.

Најдобар стрелец бил Робин ван Перси од Арсенал со 30 постигнати гола.

Remove ads

Завршна табела

Повеќе информации Поз, Екипа ...

Извор: Barclays Premier League
Правила за рангирање: 1st points; 2nd goal difference; 3rd number of goals scored.
1Челзи ја освои Лигата на шампионите 2011–12 и се квалификува за фазата по групи во ова натпреварување за следната сезона како бранител на титулата. Во врска со то Тотенхем ќе игра во Лигата на Европа во сезоната 2012–13, бидејќи само четири тима од Премиер лигата можат да настапуваат во Лигата на шампионите.
2Ливерпул го освоил Лига купот и се квалификувал за третата квалификациона рунда во Лига Европа.
(C) = Шампион; (R) = Испаѓа; (П) = Промоција; (О) = Плејоф победник; (A) = Се пласирал во следната рунда.
Применливо само кога сезоната не е завршена:
(Q) = Квалификуван за наведената фаза на турнирот; (TQ) = Квалификуван за турнирот, но сѐ уште не е наведена одредена фаза; (DQ) = Дисквалификуван од турнирот.

Remove ads

Список на стрелци

Thumb
Робин ван Перси најдобар стрелец во сезоната со 30 постигнати гола.
Повеќе информации Гол, Пенали ...
Remove ads

20.000-тиот гол

На 21 декември во поразот со 2-1 од Арсенал на Вила Парк, Марк Олбрајтон од Астон Вила официјално го постигнал 20.000-тиот гол од формирањето на Премиер лигата во 1992 година. Нему му биле доделени £20,000 од спонзорот на лигата Баркли да ги донира за добротворни цели по неговиот избор. Тој го избрал Acorns Children's Hospice, кои го спонзорирале дресот на Астон Вила.

Награди

Кратки факти

Премиер лига играч на годината

За Премиер лига играч на годината бил избран Робин ван Перси.[2]

Премиер лига млад играч на годината

За Премиер лига млад играч на годината бил избран Кајл Вокер.[3]

Премиер лига тим на годината

Голман: Џо Харт (Манчестер Сити)
Одбрана: Кајл Вокер (Тотенхем), Венсан Компани (Манчестер Сити), Фабрисио Колочини (Њукасл Јунајтед), Лејтон Бејнс (Евертон)
Среден ред: Давид Силва, Јаја Туре (двајцата од Манчестер Сити), Скот Паркер, Гарет Бејл (Тотенхем)
Напад: Робин ван Перси (Арсенал), Вејн Руни (Манчестер Јунајтед)

Remove ads

Надворешни врски

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads