Клинт Демпси
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Клинтон Дру Демпси (роден во Накодочес, на 9 март 1983) — поранешен американски фудбалер, офанзивен играч од средниот ред и напаѓач.
Remove ads
Ран живот и кариера
Демпси е роден во Накодочес, Тексас, и, во поголемиот дел од детството, со неговото семејство живееле во приколка, каде што тој и неговите браќа и сестри пораснале играјќи фудбал со локалните деца. Демпси има ирско потекло од страната на неговиот татко.[2] Неговиот постар брат Рајан бил понуден на проби во Далас Тексанс, елитен младински фудбалски клуб, и го доведе Клинт, кој бил забележан додека поминувал време жонглирајќи ја топка.[3] Демпси се истакнал во тимот на рана возраст, но морал да се повлече поради финансиските ограничувања на неговото семејство откако неговата најстара сестра Џенифер била на пат да стане рангирана јуниорска тенисерка.[4] Неколку родители на неговите соиграчи во Тексанс се понудиле да му помогнат на семејството Демпси со трошоци и патување, што му овозможува да се врати во клубот.
На 27 ноември 1995 година, Демпси ја загубил, тогаш 16-годишната сестра Џенифер поради мозочна анеуризма. Демпси бил уништена поради губењето на сестра си, а подоцна и објаснил дека овој настан му помогнал да се развие подлабока мотивација кај него да продолжи со фудбалот во чест на неговата сестра.[5]
Тој продолжил да биде капитен и најдобар стрелец на Тексанс и бил почестен со МВП наградата на Тампа Беј Сан Боул турнирот. Демпси ја проучувал играта на Аргентинската репрезентација, особено на Диего Марадона, и бил разочаран кога дознал дека Марадона нема да игра на Светското првенство 1994, иако Аргентина одиграла еден натпревар на стадионот Котон Боул.[6] Тој присуствувал на Фурман Универзитетот изучувајќи за здравје и научни вежби и бил клучен играч на екипата Фурман Паладинс.
Remove ads
Технички одлики
Фудбалер со солидна брзина, има добар дриблинг[7] и моќен шут, кој му овозможува да постигнува голови и од долго и од кратко растојание. Може да игра како внатрешен играч од средниот ред, крило и напаѓач. Тој е познат по неговата упорност и издржливост, откако одигра два натпревари со фрактура на вилицата и повреда во глуждот во почетокот на неговата кариера.
Клупска кариера
Њу Ингланд Револушн
Њу Ингланд Револушн го избрале Клинт Демпси како осми пик на драфтот во 2004. Во неговата руки сезона, тој започнал 23 од 24 натпревари постигнувајќи седум гола. Демпси им помогнал на Револушн да стигнат до финалето на источната конференција и ја заработил наградата МЛС дебитант на годината 2004. Во 2005 година, Демпси придонел десет гола и девет асистенции во 26 натпревари. Тој го постигнал победничкиот гол во финалето на источната конференција на својот пат до настап во финалето на МЛС Купот. Во 2006 година, Демпси додал уште 8 гола, но пропушти значително време во плејофот поради повреда. Тој влезе како замена во финалето на МЛС Купот, но Револушн го загубија своето второ финале по ред, овој пат на пенали.
Фулам
Пред да се пресели во Фулам, Демпси отишол на проби во ЛКС Ломза од каде што тренерот го испратил во Фулам. Во декември 2006 година, англискиот клуб Фулам понудил 4 милиони $ за трансферот на Демпси, што била најголемата понудена сума за фудбалер од МЛС лигата, и тој станал уште еден американски играч во составот на котиџерс за кој веќе играле репрезентативците на САД: Брајан Мекбрајд и Карлос Боканегра.[8][9] На 11 јануари 2007 година, му била доделена дозвола за работа и Фулам официјално го потврдил трансферот на Демпси.[10] Со тоа Демпси станал најскапиот американец во Премиер лигата со договор вреден пријавени 2.000.000 £.[11] Тој го направил своето деби за Фулам во натпревар на домашен терен против Тотенхем што завршил 1-1 на 20 јануари 2007 година.[12] Седум дена подоцна тој дебитирал во ФА Купот во победата со 3-0 над Стоук Сити.[13] Демпси го постигнал својот прв гол за Фулам на 5 мај, совладувајќи го Пепе Реина во 69-тата минута за победа над Ливерпул со 1-0.[14] Неговиот гол го спаси Фулам од испаѓање и му гарантира место во елитната дивизија за следната сезона.[15]
Демпси не бил во почетниот состав за првите три натпревари од сезоната 2007-08, но по повредата на Брајан Мекбрајд, тој влегол од клупата играјќи како напаѓач и постигнал гол во поразот со 2-1 од Астон Вила.[16] Тој продолжил со постигнување на голови веќе во следниот натпревар на Фулам; 3-3 на домашен терен против Тотенхем на 1 септември.[17] Две недели подоцна, тој го отворил резултатот за Фулам во ремито 1-1 на гостувањето против Виган Атлетик.[18] На 29 септември, Демпси бил вмешан во воздушен судир со Џон Тери за време на ремито без голови (0-0) со Челзи на Стемфорд Бриџ, што резултирало со тоа Тери да биде заменет.[19] После натпреварот имало сугестии дека Демпси намерно го искористил лактот за да го удри Тери;[20] но сепак, тој не бил казнет за инцидентот откако судијата Мартин Аткинсон не го пријавил на Фудбалската асоцијација (ФА).[21] На 3 ноември, Демпси го постигнал вториот гол за Фулам во победата со 3-1 над Рединг за да им помогне да ја обезбедат само втората првенствена победа во сезоната.[22] Тој ги постигнал својте последни голови за сезоната во ремито 1-1 на домашен терен со Виган Атлетик и поразот со 5-1 на гостувањето кај Тотенхем во декември.[23][24] Во мај 2008 година, Фулам објавил дека Демпси потпишал продолжување на договорот кој ќе го задржи во клубот до летото 2010.[25] Во последното коло од сезоната, Фулам како гостин го победил Портсмут со 1-0 за да обезбеди Премиер лигашки статус и за следната сезона.[26] Демпси ја завршил сезоната како најдобар стрелец на Фулам во Премиер лигата со шест гола.[27]
Демпси имал само еден настап во почетниот состав на Фулам во првите единаесет натпревари од сезоната 2008-09, но го постигнал својот прв гол во ремито 1-1 на гостувањето кај Портсмут на 26 октомври откако влегол како замена.[28] Тој го заменил Золтан Гера и го постигнал својот прв гол на домашен терен за сезоната во победата со 3-0 над Мидлзборо на 20 декември.[29] Осум дена подоцна, тој постигнал два гола во дербито на Западен Лондон против Челзи, вклучувајќи го и израмнувачкиот во последните моменти од мечот за конечни 2-2 на Крејвен Котиџ.[30] На 24 февруари 2009 година, Демпси го постигнал првиот погодок во ФА Купот во неговата кариера придонесувајќи за победата со 2-1 над Свонзи Сити во петтиот круг.[31] Неговиот последен гол на домашен терен во сезоната дошол во поразот со 2-1 од Блекбурн Роверс на 11 март.[32] На 12 април Фулам направил целосен пресврт за да дојде до победа од 3-1 на гостувањето кај Манчестер Сити, а Демпси постигнал два гола; првиот и третиот.[33] За втора сезона по ред, Демпси завршил како најдобар стрелец на Фулам во Премиер лигата заедно со напаѓачот Ендрју Џонсон со седум гола.[34] Овие голови му помогнале на Фулам да го обезбеди седмото место во Премиер лигата, што е највисока позиција во историјата на клубот, и ја потврдија својата квалификација за настап во новоформираната УЕФА Европа Лига за следната сезона.[35]
На 13 август 2009 година, Демпси потпишал продолжување на договорот со Фулам до 2013 година.[36] На 20 август, тој го постигна својот прв гол европските натпреварувања, затресувајќи ја мрежата на Амкар за вториот гол на Фулам во победата со 3-1 во Плеј-оф рундата од Лигата на Европа.[37] На 30 декември, La Gazzetta dello Sport го именува Демпси како еден од најдобрите единаесет играчи во Премиер лигата за оваа сезона.[38] На 17 јануари 2010, Демпси претрпел повреда на вкрстениот лигамент на коленото во поразот со 2-0 на гостувањето кај Блекбурн Роверс.[39] На 11 март, Демпси се врати во акција, влегувајќи како замена во последната минута од поразот на Фулам на гостувањето кај Јувентус во осминафиналето од Лига Европа, а потоа запишал 72 минути во поразот од Манчестер Јунајтед во првенството.[40] На 18 март, Демпси влезе од клупата во реваншот против Јувентус, и го постигна четвртиот гол за Фулам во победата со 4-1, гол кој ги одведе котиџерс понатаму со вкупен резултат 5-4.[41] Гардијан предложил дека овој гол "би можел да стане најпознатиот гол во историјата Фулам".[42] На 12 мај, Демпси го заменил Боби Самора во 55-тата минута од Финалето на Лига Европа, со што влегол во историјата како првиот американец кој се појавил во некое финале на голем европски турнир. На крајот, Фулам го загуби натпреварот, откако напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Форлан го постигна решавачкиот погодок во 116-тата минута од екстра време, за победа на Атлетико со 2-1.[43] Неговите настапи низ сезоната 2009-10 му донесоа ознака за најкорисен играч меѓу Американците во Европа од страна на SoccerOverThere.com, меѓу другите извори.[44]
Демпси бил на клупата за резерви на Фулам во првите два гостински натпревари од сезоната 2010-11, но станал редовен стартер, како еден од само пет играчи од САД во Премиер лигата кој успеал да го стори тоа. На 18 септември 2010 година, тој го постигнал израмнувачкиот погодок во 56-тата минута со глава против Блекбурн Роверс на Ивуд Парк за конечни 1-1 со што продолжи серијата без пораз (клупски рекорд) на Фулам во Премиер лигата.[45] На 2 октомври, тој му даде гол на голманот на Вест Хем Јунајтед, Роберт Грин, истиот голман кој го совлада и на Светското првенство во летото истата година.[46] Демпси продолжил со својата добра форма на постигнување голови, стрелајќи двапати во мрежата на Виган Атлетик на 30 октомври, за победа на својот тим со 2-0.[47][48] На 22 јануари 2011 година, Демпси уште еднаш бил двоен стрелец во победата на Фулам над Стоук Сити со 2-0, помагајќи му на тимот привремено да излезе надвор од зоната за испаѓање.[49]
На 19 март, Демпси станал првиот играч од САД кој успеал да постигне 10 гола во една сезона од Премиер лигата, надминувајќи го претходниот рекорд на Брајан Мекбрајд од девет, исто така, поставен во периодот додека играше за Фулам во сезоните 2005-06 и 2006-07.[50]
Клинт Демпси го скршил рекорд и за најмногу постигнати голови за Фулам во Премиер Лигата откако двапати ја затресе мрежата на Болтон во победата со 3-0 на 27 април 2011 година Тој го постигнал вкупно 33-тиот негов гол за тимот во Премиер лигата, надминувајќи ги Брајан Мекбрајд и Стед Малбранк, кој имаат по 32. Со овие голови, Демпси постигнал 12 првенствени гола за Фулам во сезоната 2010-11.[51]
Демпси бил прогласен за Играч на сезоната на Фулам за 2010-11 од страна на навивачите на клубот, а неговите 12 погодоци во Премиер лигата значеа дека тој исто така беше водечки стрелец на клубот за кампањата.[52]
Демпси постигнал два гола во првиот натпревар од плеј-оф рундата во Лигата на Европа 2011-12 помагајќи му на Фулам да дојде до победа со 3-0 на домашен терен. На 5 декември 2011 година, постигнал гол во 85-тата минута за да ја обезбеди победата од 1-0 против Ливерпул на Крејвен Котиџ.[53] Овој погодок го прави Демпси најефикасниот американец во Премиер лигата, надминувајќи го својот некогашен соиграч во Фулам и репрезентацијата на САД, Брајан Мекбрајд.[54] На 17 декември го постигнал својот петти погодок во Премиер лигата за оваа кампањата, стрелајќи прецизно со глава за победа над Болтон со 2-0, носејќи го својот тим на шест бода предност во однос на зоната за испаѓање.[55]
На 7 јануари Демпси го постигнал првиот хет-трик во неговата кариера,[56] против Чарлтон во третата рунда од ФА купот во натпревар кој завршил со победа на неговиот тим со 4-0.[57][58] На 21 јануари 2012 година, Демпси постигнал уште еден хет-трик против Њукасл Јунајтед во победата со 5-2.[59] Со својот хет-трик против Њукасл, тој станал првиот играч од САД кој успеал да постигне хет-трик во Премиер лигата.[60] Демпси го постигнал својот 10-ти гол за сезоната во Премиер лигата, шеснаесетти во сите натпреварувања, во ремито 1-1 против Вест Бромвич на поранешниот менаџер на Фулам Рој Хоџсон на 1 февруари 2012 година.[61] По фантастичната серија погодоци, Демпси бил преместен како напаѓач во следните натпревари на клубот.
Демпси ги постигнал својот четиринаесетти и петнаесетти првенствен гол за кампањата, во победата со 3-0 на гостувањето против Болтон Вондерерс на 7 април, првиот од слободен удар, а вториот со глава.[62] Со овие два гола Демпси го надминал рекордот на Луј Саа од тринаесет гола во Премиер лигата за клубот во една сезона.[63] Демпси го освоил четвртото место во изборот за фудбалер на годината зад победникот, Робин ван Перси од Арсенал, и играчите на Манчестер Јунајтед Вејн Руни и Пол Сколс.[64] Демпси станал првиот американец во лигата кој ја надминал бројката од 15 гола за една сезона, стрелајќи од слободен удар против Сандерленд во последниот натпревар од сезоната.[65]
На 7 јуни 2012 година, Демпси е прогласен за Играч на клубот за сезоната од страна на навивачите за втора последователна сезона.[66] На 31 август 2012 година, Фулам го потврди трансферот на Демпси во Тотенхем.[67]
Тотенхем
На 31 август 2012 година, Демпси му се приклучил на Тотенхем за сума која се верува дека изнесувала околу 6 милиони £ потпишувајќи со клубот тригодишен договор.[68] Договорот го направи Демпси најскапо платен фудбалер од САД на сите времиња. Поради тоа што дресот со број 23 кој го носеше во Фулам и бројот 8 кој обично го носи при репрезентативната должност биле недостапни, тој се одлучил за дресот со број 2 што најчесто асоцира на десен бек, кој Демпси го носел на Фурман Универзитетот.[69] Демпси го постигнал својот прв гол за Тотенхем во победата со 3-2 над Манчестер Јунајтед, а воедно неговиот гол беше и победничкиот. Тоа беше првпат во 23 години Тотенхем да го победи Јунајтед на Олд Трафорд.[70] Својот втор гол за Спарс тој го постигнал во 39-тата минута во гостинскиот натпревар со Саутхемптон во октомври. Третиот и четвртиот гол на Демпси беа постигна против Евертон во поразот со 2-1 и против Рединг на Нова Година во победата со 3-1. Во 3 круг од ФА Купот тој постигнал два гола против Ковентри Сити.[71] На 20 јануари 2013 година, во еден натпревар игран при врнежи од снег на Вајт Харт Лејн против водачот во лигата Манчестер Јунајтед, Демпси ги спаси Спарс од пораз израмнувајќи на 1-1 во 93-тата минута по додавањето на Арон Ленон од десната страна. На 27 јануари 2013 година, Демпси постигнал убав погодок со глава против Лидс Јунајтед на Иланд Роуд, во ФА Купот за да намали на 2-1, сепак Тотенхем не успеа да постигне уште еден гол во остатокот од натпреварот, и тој заврши со резултат 2-1 за Лидс.[72] Демпси не бил во можност да остави впечаток против својот претходен клуб на 17 март, кога Фулам дојде и победи со 1-0 на Вајт Харт Лејн. На 21 април, Демпси го постигнал првиот од трите гола за Тотенхем во победата со 3-1 над Манчестер Сити на Вајт Харт Лејн. На 12 мај, Демпси постигна еден гол и асистирал за друг помагајќи му на својот тим да дојде до победа против Стоук Сити со 2-1 и да ги задржи шансите во трката за четвртото место кое води во Лигата на шампионите.
На 11 април 2013 година, Демпси постигнал два гола против Базел во вториот натпревар од четврт-финалето на Лига Европа за да го испрати натпреварот во продолженија. Тотенхем на крајот го загубил натпреварот на пенали и на тој начин биле елиминирани од Европа.
Сиетл Саундерс

На 3 август 2013 година, Демпси се вратил во МЛС потпишувајќи четиригодишен договор со Сиетл Саундерс како назначен играч за трансфер сума од 9 милиони $.[73] И во новиот клуб го избрал дресот со број 2. Претходниот корисник на дресот со број 2, ДеАндре Једлин, се префрлил на бројот 17. Демпси го направил своето деби во лигата за Сиетл на 10 август 2013 година во победата со 2-1 над Торонто. Демпси влезе како замена во 34-тата минута од тој натпревар, по повредата на глуждот на Обафеми Мартинс.[74] Својот прв погодок за Сиетл, Демпси го постигна на 28 октомври 2013 на домашен терен против Лос Анџелес Галакси (1-1) по големата грешка на противничкиот голман Хаиме Пенедо, носејќи му предност на својот тим од 1-0 во 30-тата минута од натпреварот.[75] Тоа беше и неговиот единствен погодок за Саундерс во оваа сезона. Демпси играше и во двата натпревари од конференциското полуфинале на МЛС купот, каде што неговиот Сиетл беше елиминиран од страна на Портланд Тимберс со вкупен резултат 5-3.
Позајмицата во Фулам
На 24 декември 2013 година, Демпси повторно потпишал за Фулам доаѓајќи во клубот на двомесечен заем.[76] Тој го направил своето деби по враќањето на 4 јануари 2014 година во третиот круг од ФА купот против Норвич Сити. Демпси го одиграл целиот натпревар кој се завршил со резултат 1-1, а потоа учествувал и во преигрувањето на Крејвен Котиџ, каде Фулам победил со 3-0.[77]
Враќање во Сиетл Саундерс
Иако не било соопштено од страна на Фулам, Демпси се појавил во тимот на Сиетл за натпреварот против Спортинг Канзас Сити во првото коло од новата МЛС сезона, игран на 10 март 2014 година. Демпси се вратил во форма, постигнувајќи хет-трик против Портланд Тимберс, и бил двоен стрелец против Далас и Колорадо Рапидс, стигајќи до скор од 8 гола во 5 натпревари во 2014 година. Тој ја освоил наградата МЛС Играч на месецот за месец април.[78] Сезоната ја завршил со 15 гола и 10 асистенции како и во двете категории ги остварил својте најдобри постигнувања во МЛС кариерата, Сиетл исто така освоил Supporters' Shield, но биле елиминирани во конференциското финале на МЛС купот од подоцнежните шампиони Лос Анџелес Галакси.
Remove ads
Титули
Клупски
Сиетл Саундерс
- MLS Supporters' Shield (1) : 2014
- Отворен куп на САД во фудбал : 2014
- МЛС куп : 2016
Репрезентативни
САД
- КОНКАКАФ Голд куп (1) : 2005, 2007
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads