Потполошка

From Wikipedia, the free encyclopedia

Потполошка
Remove ads

Обична потполошка или обична препелица или обична прлица (науч. Coturnix coturnix) — птица од родот потполошки (Coturnix) потсемејството на еребиците (Perdicinae) во склоп на семејството на фазаните.

Кратки факти Обична потполошка, Заштитен статус ...

Откога ќе достигнат старост од 6-8 недели, овие видови потполошки се коти на отворена обработлива земја и пасишта ширум сета Европа и Азија, со тоа што положуваат по 6-18 јајца на гнездо на земја. На јајцата им требаат 16-18 дена за да се испилат. Ова е мошне преселничка птица за разлика од речиси сите ловни птици, и презимува во Африка. Ја има и во Македонија.

Ова е мала (17 см) заоблена птица, со кафени пруги и бела надочна линија, и, кај мажјаците, црна брада. Како што прилега на птица-преселница, потполошката има долги крила, за разлика од типично краткокрилите ловни птици.

Ова е земски вид, кој се храни со семиња и инсекти на земјата. Птицата е тешка да се забележи, бидејќи се крие по зеленилото, и се колеба да лета, туку претпочита да ползи. Дури и кога е истерана, потполошката се држи ниско и наскоро потоа се враќа на криење. Често единствениот показател за нејзиното присуство е специфичната повторлива песна на мажјакот. Овие извици ги испушта наутро, навечер и понекогаш ноќе.

Потполошката во големи броеви се лови како дивеч на преминување низ Средоземјето.

Во последни години овој вид бележи пораст на размножувањето во САД и Европа, меѓутоа ова е присутно кај птичарите-аматери.

Remove ads

Потполошката како тема во уметноста

  • „Петлите и препелицата“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[2]

Наводи

Галерија

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads