Прибовце (Лопате)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Прибовцеархеолошко наоѓалиште во кумановското село Лопате. Претставува населба од бронзеното и доцноантичкото време.

Повеќе информации Основни податоци ...
Remove ads

Местоположба

Се наоѓа помеѓу селата Лопате и Бедиње, на простор од околу 800 м должина. На северната страна е опкружен со коритото на Липковска Река, на јужната со питомите ридски височинки и железничката пруга Скопје-Белград, а на останатите страни со последните селски куќи. По средината врви патот што ги поврзува селата од падините на Скопска Црна Гора со Куманово[1] (Р2133).

Ископување и наоди

Во 1978 година, во текот на градежните работи од страна на фабриката за рабни цевки „11 Октомври“, се вршени заштитни ископувања во организација на Археолошкиот музеј од Скопје. Со оглед на големината на просторот и на условите за ископување, биле истражени четири работни сектора, преместени на места со поголема густина на археолошкиот материјал. Во сите сектори се откриени остатоци од големи градби, со 10 до 15 простории различни по големината и организацијата, скудно зачувани во темелите, ѕидани со речен камен и кал и многу малку со варов малтер. Без оглед на тоа што габаритите не им се утврдени, според начинот на ѕидањето, распоредот и големината на просториите и најдените археолошки предмети (фрагменти од керамички садови, железни орудија, накит и монети), се работи за помала стопанска населба од IV век.[1]

Во Секторот II, близу до коритото на реката, под доцноантичките темели се најдени многубројни керамички и други предмети од населба од средното и доцното бронзено време.

Наодите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads