Бедиње
село/населба во Куманово From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Бедиње — урбанизирано село/населба во Општина Куманово. Се наоѓа во северозападниот дел на Куманово.
Remove ads
Географија
Селото е сместено во котлинската област Жеглигово, недалеку, југозападно од градот Куманово, на оддалеченост од два километри, па затоа припаѓа на урбаната зона на централното место, односно, веќе е во конурбација со градската територија. Населбата е рамнинска, на надморска височина од 350 метри, а претставува и рурален центар.
Историја
Селото е населено уште од железното време, за што сведочи наоѓалиштето Градиште.[2]
Стопанство
Атарот е мал и зафаќа простор од 5,3 км2. На него доминира обработливото земјиште на површина од 426,7 ха, на пасиштата отпаѓаат 12 ха, а на шумите 13,6 ха. Во однос на земјоделството, населбата има полјоделска функција.[3]
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Бедиње живееле 135 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Бедиње имало 136 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 600 Македонци.[6]
Населбата е голема, со пораст на бројот на населението. Така, од 1961 година селото броело 1.083 жители, од кои 663 биле Македонци, 150 Срби, 56 Турци и 22 жители Албанци. Во 1994 година бројот се зголемил на 2.080 жители, од кои 1.426 се Македонци, 308 Албанци, 230 Срби, 95 Турци и 21 други.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 898 жители, од кои 232 Македонци, 531 Албанец, 2 Турци, 48 Срби, 1 Бошњак, 1 останат и 83 лица без податоци.[7]
На табелата е прикажан народносниот состав на населението низ сите пописни години:[8]
Remove ads
Стопанство
Населбата Бедиње има голем број на индустриски погони. Во Бедиње била изградена Индустриската зона Куманово која во минатото важела за голема индустриска зона. Едни од најреномираните индустриски погони кои се наоѓаат во таа идустриска зона се ФЗЦ „11 Октомври“, потоа градежното претпријатие „Koзјак“, кожарскиот произведувачки и преработуавчки погон „Илинден“, фабриката за преработка и производство на пластика „30 Јули“, фабриката за мебел „Диер“ и други.
Remove ads
Општествени установи

Населбата Бедиње има своја месна заедница во која се остваруваат сите избори т.е гласања. Во јули 2020 година, Управата за водење матични книги била преселена од средиштето на Куманово, во кругот на поранешната касарна „Христијан Тодоровски - Карпош“.[9]
Во физичките рамки на поранешната касарна зона, сместен е Факултетот за бизнис администрација кој е составна единица на Државниот универзитет во Тетово.[10]
Remove ads
Културни и природни знаменитости
- Цркви
- Црква „Св. Петка“
- Светилиште кај Липковска Река - се наоѓа на север од Бедиње, на левиот брег на реката.
- Џамии
- Археолошки наоѓалишта
- Градиште — населба од железното време
- Реки
- Липковска Река - тече северно од Бедиње
Сообраќај
Низ Бедиње поминува регионалниот пат Р2133, со месен назив „11 Ноември“, кој на источниот крај на атарот се поврзува со автопатот А1 („Александар Велики“).
Редовни настани
Култура и спорт
Населбата Бедиње располага со два фудбалски терени.
Личности
Галерија
- Средишниот дел на Бедиње гледан од север
- Средишниот дел на Бедиње гледан од север
- Православното светилиште
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads