Приливно-одливна мелница

From Wikipedia, the free encyclopedia

Приливно-одливна мелница
Remove ads

Приливно-одливна мелница или плимна мелницаводеница што се погонува со морскиот прилив и одлив. На соодветен приливен влез, или дел од речниот естуар, се гради брана со пропуст со што се создава акумулација. Како што доаѓа приливот, водата влегува во воденичкото езерце низ еднонасочниот пропуст (врата), а оваа врата се затвора автоматски кога приливот ќе почне да опаѓа. Кога приливот е доволно низок, складираната вода може да се ослободи за да го врти воденичкото тркало.

Thumb
Плимна мелница во Олао, Португалија

Плимните мелници обично се наоѓаат во речните естуари, вон досег од ефектите на брановите, но доволно блиску до морето за да имаат прифатлива висинска разлика меѓу плимата и осеката. Вакви мелници постоеле уште од средниот век, а одредени може да потекнуваат и од римското раздобје.

Современа верзија на плимна мелница е плимна брана за производство на електрична енергија.

Remove ads

Рана историја

Веројатно најраната мелница на плима и осека во римскиот свет се наоѓала во Лондон на реката Флит.

Thumb
Три милс (Три мелници), Стратфорд, една од најраните забележани плимни мелници во светот.

Од крајот на 20 век, голем број нови археолошки наоди последователно го поместуваат датумот на најраните плимни мелници, од кои сите се откриени на ирскиот брег: Плимна мелница со вертикални воденички тркала од 6 век била пронајдена во Килотеран во близина на Вотерфорд.[1] Плимна мелница со двоен канал и хоризонтални воденички тркала, која потекнува од околу 630 година, била ископана на Литл Ајленд во Корк.[2][3] Покрај неа, пронајдена е уште една плимна мелница која се погонувала со вертикално тркало со подножје.[2][3] Воденицата на манастирот Нендрум од 787 година била сместена на остров во Странфорд Лох во Северна Ирска. Нејзините воденички камења се со пречник од 830 мм, а се проценува дека хоризонталното тркало развивало 7-8 коњски сили на својот врв. На местото се пронајдени и остатоци од постара воденица што потекнува во 619 година.[4]

Thumb
Три мелници, Куќа Мелница и Милеровата куќа при осека

Во Англија, исклучително добро зачувана плимна мелница, дендрохронолошки одредена дека потекнува од крајот на 7 век (691-692 година од н. е.), била ископана во долината Ебсфлит (мала притока на реката Темза) во Кент за време на изградбата на Меѓународната станица Ебсфлит, на железничката линија Хај спид 1. Најраните регистрирани плимни мелници во Англија се наведени во Книгата на судниот ден (1086). Осум мелници се забележани на реката Ли (местото Три мелници останува во згради од I степен на интерес), како и мелница во пристаништето Довер. До 18 век, во Лондон имало околу 76 плимни мелници, вклучувајќи две на Лондонскиот мост.

Плимски мелници во Јужен Ирак, сместени на устието на делтата на реките Тигар-Еуфрат во Басра, биле опишани во 960 година.[5][6]

Плимната воденица Вудбриџ, зачувана во Вудбриџ, Сафолк, Англија е одличен пример на овој вид мелници. Оваа воденица, која датира од 1170 година и е реконструирана во 1792 година, е зачувана и е отворена за јавноста. Таа била дополнително реставрирана во 2010 година и повторно отворена во 2011 година во целосна работна состојба. Тоа е втората функционална плимно-одливна воденица во Обединетото Кралство која редовно произведува брашно. Замокот Карју во Велс, исто така, има недопрена плимно-одливна воденица, но таа не работи. Првата плимно-одливна воденица што е вратена во работна состојба е плимно-одливната воденица Елинг во Елинг, Хемпшир. Друг пример, кој сега постои само во историски документи, е воденицата во селцето Тајд Милс, Источен Сасекс. Траги од плимно-одливна воденица може да се видат во Фајф Нес, откриени со археолошко истражување[7]

Thumb
Приливно-одливна мелница на Ил де Бреа (île de Bréhat)

и рибникот во Калрос бил идентификуван како веројатно изграден првично како плимна мелница од страна на сер Џорџ Брус.[8]

Средновековна плимно-одливна мелница сè уште работи во Рупелмонде во близина на Антверпен, и има уште неколку што опстанале во Холандија.

Во еден миг имало 750 плимни мелници кои работеле по должината на бреговите на Атлантскиот Океан:

  • околу 300 во Северна Америка, вклучувајќи многу во колонијалниот Бостон во раздобје од 150 години.[9]
  • 200 се документирани на Британските Острови, а 100 во Франција. Устието на реката Ранс во Франција исто така било дом на некои од овие воденици.

До средината на 20 век, употребата на воденици драматично се намалила. Во 1938 година, истражувањето на Рекс Вејлс открило дека од 23-те постоечки приливно-одливни воденици во Англија, само 10 сè уште работеле на сопствена погонска сила.

Remove ads

Современи примери

Поновите проекти за употреба на плимната енергија ги користат истите начела како плимните мелници само во поголем обем.

Еден битен современ пример е електраната на плима и осека „Ранс“ во Бретања, Франција, која била отворена во 1966 година со 24 турбини и максимална моќност од 240 MW. Таа останува една од најуспешните инсталации погонувани од плимата/осеката.[10][11]

Друг пример е СиГен (SeaGen), турбина на погон на текот на плимата-осеката инсталирана во 2008 година во Странгфорд Лоу, Северна Ирска. Со капацитет од 1,2 MW, работела успешно до нејзиното затворање во 2019 година.[12]

Овие проекти илустрираат како истите плимни начела што ги напојувале историските плимни мелници сега се приспособени за модерно производство на обновлива енергија.

Remove ads

Видете исто така

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads