Прналија (Радовишко)

село во Општина Радовиш, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Прналија (Радовишко)map
Remove ads

Прналија (поретко: Парналија) — село во Општина Радовиш, во областа Јуруклак, во околината на градот Радовиш.

Кратки факти

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 122 жители,[2] со што селото се вбројува во мали села во областа на Конче и Радовиш.[3]

Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Разрушени куќи во селото

Селото се наоѓа во северозападниот дел на територијата на Општина Радовиш, сместено во областа Јуруклак, под северозападната падина на Плачковица.[4] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 660 метри. Од градот Радовиш е оддалечено 6 километри.[4]

До селото води асфалтен пат.

Стопанство

Атарот на селото зафаќа простор од 10,2 км2, при што преовладуваат пасиштата со површина од 504 хектари, на шумите отпаѓаат 367 хектари, а на обработливото земјиште 146 хектари.[4]

Во основа, селото има полјоделско-сточарска функција.[4]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Прналија живееле 280 жители, сите Турци.[5]

Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Прналија живееле 188 Турци.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Турци.[7]

Прналија е мало село, населено со турско население, од групата Јуруци. Во 1961 година селото броело 194 жители, а во 1994 година 136 жители.[4]

Според пописот од 2002 година, во селото Прналија живееле 122 жители, сите Турци.[2]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 153 жители, од кои 1 Албанец, 149 Турци и 3 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Општествени установи

Thumb
Основното училиште во селото

Самоуправа и политика

Во XIX век, Прналија било село во Радовишката каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Радовиш, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година со Општина Подареш. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Радовиш.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Радовишка градска општина, во која покрај селото Прналија, се наоѓале градот Радовиш и селата Али Коч, Козбунар, Коџалија, Раклиш, Супурѓе и Шипковица. Во периодот 1950-1952, селото се наоѓало во некогашната Општина Тополница, во која влегувале селата Али Коч, Бучим, Коџалија, Прналија, Супурѓе и Тополница.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1600 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 122 гласачи.[14] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 128 гласачи.[15]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Џамии[16]

Галерија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads