Проглас

From Wikipedia, the free encyclopedia

Проглас
Remove ads

Проглас (старословенска глаголица ⰒⰓⰑⰃⰎⰀⰔⰟ, кирилица Прогласъ) е предговорот на старословенскиот превод на четирите евангелија. Бил напишан од Свети Кирил во 863–867 во Велика Моравија (денешна Моравија и Словачка). Прогласот се смета за прва поема напишана на литературниот старословенски јазик.

Кратки факти Проглас, Автор(и) ...

Денес се познати четири преписи на Прогласот, 3 српски и 1 руски. Најстариот од нив е од 13 век и се чува во збирката на Хиландарскиот манастир.

Remove ads

Авторство

Константин Филозоф е наведен како автор во српските ракописи. Сепак, тој не би се нарекувал себеси „нашиот благословен учител“. Можно е овој дел да бил вметнат подоцна или, пак, вистинскиот автор на прогласот му го припишал овој текст на Константин Филозоф за да добие поголем авторитет.[1]

Истржувачите имаат различен пристап кон авторството[1]:

  • авторот е Константин Филозоф според А. Ф. Хилфердинг, Е. Голубински, И. Франк, Н. Николски, Е. Георгиев, Јосеф Вајс, Ф. Гривец
  • авторот е Константин Презвитер според А. И. Соболевски, Ј. Иванов, М. Мурко, В. Н. Златарски
  • ниту еден од горенаведените не е автор или не зазеле страна: И. И. Стрезневски, В. Јагиќ, А. Воронов, М. Вајнгарт, И. Охијенко, Н. Вијк, Франтишек Пастрнек.
Remove ads

Целосен текст на Прогласот

Повеќе информации Старословенски оригинал, Македонски превод (Петар Илиевски, 1997) ...
Remove ads

Белешки

  1. Седмиот век е седми милениум од создавањето на светот, како што тогаш се сметало во Византија. Христовото раѓање е сместено во 5508 година од „создавањето на светот“ (според византискиот календар); ако се додаде 863, доаѓањето на словенските апостоли во Моравија, се добива 6371 година, т.е. седми милениум.

Наводи

See also

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads