Византиски календар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Византискиот календар бил во официјална употреба во Византија (односно во Источна Римското Царство) од 988 година кога владеел Василиј II, сѐ до падот на империјата во 1453 година. Овој календар се користел и во земјите кои биле во византиската сфера на влијание.
Календарот бил идентична на јулијанскиот календар, со таа разлика што називите на месецте биле преведени од латински на грчки. Првиот ден од годината бил 1 септември, а за почетна година се сметала 5509 (или 5508) година пред новата ера - односно кога според Библијата бил создаден светот. Значи за да преминеме од современиот календар во византискиот на тековната година треба да додадеме 5508, а за деновите од 1 јануари до 31 август и 5509 за останатите денови од годината.
Remove ads
Поважни датуми
- 1. в.е. (византиска или царевиградска ера) - Настанок на светот,
- 4755. в.е. (753 п.н.е.) - Основан е градот Рим;
- 4841. в.е. (667 п.н.е.) - Основан е градот Византиум (подоцна Цариград);
- околу 5502. в.е. (6 п.н.е.) - Роден е Исус Христос;
- околу 5541. в.е. (33.) - Исус Христос e распнат и воскреснал;
- 5838. в.е. (330) - Цариград станува нова престолнина на Римското Царство;
- 5888. в.е. (380) - Со декрет на Теодосиј I, христијанството станува официјална религија;
- 6118. в.е. (610) - Грчкиот јазик станува службен јазик во Империјата;
- 6496. в.е. (988) - Василиј II го воведува во употреба византискиот календар;
- 6562. в.е. (1054) - Доаѓа до Големиот раскол помеѓу источната и западната црква;
- 6712. в.е. (1204) - Цариград паднал во рацете на крстоносците;
- 6769. в.е. (1261) - Миахил VIII Палеолог го ословодил Цариград од крстоносците;
- 6961. в.е. (1453) - Падот на Византија.
Remove ads
Подоцнежна употреба
По падот на Византија, на календарот продолжил да се користи во Русија до 1700 година сѐ до реформите на Петар Велики. Денес сѐ уште некои Православни Цркви го користат овој календар.
Надворешни врски
- Византиско сметање на времето (англиски)
- Архивирано на 11 јуни 2008 г., -{Stavros L. K. Markou, orthodoxfaith.com}- (англиски)
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads