Прстен (геометрија)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Прстен (геометрија)
Remove ads

Прстен — во математиката, област помеѓу два концентрични кругови. Овој лик името го добил според неговиот облик на прстен.

Thumb
Анулус
Thumb
Приказ на Мамиконовиот метод на визуелна пресметка кој покажува дека плоштините на два прстени со иста должина на тетивата се исти без оглед на внатрешниот и надворешниот полупречник.[1]

Отворениот прстен е тополошки еквивалентен и на отворениот цилиндар S1 × (0,1) и на прободена рамнина.

Remove ads

Плоштина

Плоштината на прстенот е разлика на плоштините на поголемата кружница со полупречник R и помалата со полупречник r:

Thumb
Како последица на формулата на тетивите, областа ограничена со опишаната и впишаната кружница на секој конвексен правилен многуаголник е π /4

Плоштината на прстенот се определува со должината на најдолгата отсечка во прстенот, што е тангентна тетива на внатрешната кружница, 2d на придружениот дијаграм. Тоа може да се покаже со помош на Питагоровата теорема бидејќи оваа права е тангента на помалата кружница и е нормална на неговиот полупречник во таа точка, така што d и r се страни на правоаголен триаголник со хипотенуза R, а плоштината на прстенот е дадена со:

Плоштината може да се добие и преку пресметка со делење на прстенот на бесконечен број на прстени со бесконечно мала ширина и површина ρ dρ и потоа интегрирање од ρ = r до ρ = R:

Плоштината на прстенест исечок со агол θ, со θ мерен во радијани, е дадена со:

Remove ads

Комплексна структура

Во комплексната анализа, прстен ann(a; r, R) во комплексната рамнина е отворен регион дефиниран како:

Ако r е 0, областа е позната како прободен диск (диск со точка дупка во средиштето) со полупречник R околу точката a.

Како подмножество на сложената рамнина, прстенот може да се смета како Риманова површина. Комплексната структура на прстенот зависи само од соодносот rR.

Внатрешниот полупречник тогаш е rR < 1

Хадамардоватa теорема за три круга е исказ за максималната вредност што може да ја земе холоморфната функција во прстен.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads