Прст
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Прст е дел од органите рака и нога и кој се користи за манипулција и чувство за допир кај човекот и приматите.[1][2] Нормално, човекот има пет прсти на секоја рака и нога, со исклучок на вродените мани и губењето прсти. На раката секој прст има свој назив, за разлика од прстите на нозете, па така има палец, показалец, среден прст, домал прст и мал прст. Секој прст содржи голем број нерви и крајни рожести завршетоци познати како нокти кои служат за заштита на врвовите на прстите.
Remove ads
Прстот како тема во уметноста и во популарната култура
- „Прсти“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.[3]
- „Прсти“ — кус расказ на македонскиот писател Ѓоко Здравески од 2019 година.[4]
- „Четирите прсти“ (српски: Четири прста) - песна на српскиот поет Јован Јовановиќ-Змај.[5]
- „Прстите на Васе“ — песна на македонскиот поет Васил Куноски.[6]
- „Прсти“ — песна на македонскиот поет Глигор Поповски.[7]
- „Студени прсти“ (хрватски: Hladni prsti) - песна на хрватската рок-група Азра.[8]
- „Прстите на Каролина“ (англиски: Carolyn's fingers) - песна на британската музичка група Cocteau Twins.[9]
- „Зора на розовите црвени прсти“ (англиски: Dawn of the rose red fingers) - песна на Никола Коџабашија и групата Фолтин од 2011 година.[10]
- „Вкочанети прсти“ (англиски: Sticky Fingers) - албум на британската рок-група Ролинг Стоунс (Rolling Stones) од 1971 година.[11]
- „Скршени прекрстени прсти“ (англиски: Severed Crossed Fingers) — песна на американската музичарка St. Vincent од 2014 година.[12]
- Стиф литл фингерс (англиски: Stiff Little Fingers = „Вкочанети мали прсти“) — северноирска панк-рок група, основана во 1977 година.[13]
- „Прсти прсти“ - песна на македонската група Фолтин од 2005 година.[14]
- „Девет прсти на тебе“ (англиски: 9 Fingers On You) - песна на американската рок-група Shudder To Think.[15]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Користена литература
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads