Птоломеј III Евергет
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Птоломеј III Евергет, (грчки: Πτολεμαῖος Εὐεργέτης Ptolemaĩos Euergétēs) (околу 280 пр. н. е. – 222 пр. н. е.) — третиот крал од Птоломејската династија во Египет од 246 до 222 г. пр. н. е. Птоломејското Кралство го доживеало својот врв на воен и економски план во текот на неговото владеење.

Евергет бил најстариот син на кралот Птоломеј II и неговата прва сопруга Арсиноја I. На престолот се искачил во 246 година пр. н. е. по смртта на неговиот татко, што предизвикало низа драматични настани во соседното и соперничко Селевкидско Царство. Селевкидскиот владетел Антиох II Теос потоа ја напуштил својата сопруга Береника, сестрата на Евергет, за да се врати кај својата прва сопруга Лаодика I. Кратко потоа, Антиох починал, Лаодика се прогласила за регентка, а нејзиниот син Селевк II Калиник станал крал, додека Береника и нејзиниот син биле убиени. Затоа Птоломеј започнал војна против Селевкидите.[4] Тој бил доста успешен во ова, го освоил поголемиот дел од Сирија, Антиохија и напредувајќи до Вавилон и Суза, а според некои извори дури и до границите на Бактрија и Индија.[4] Сепак, подоцна бил принуден да му ги отстапи поголемиот дел од освоените територии на Селевк, а потоа се посветил на внатрешни реформи во Египет, обидувајќи се да ја зачува благосостојбата и другите достигнувања од владеењата на неговиот дедо и татко.[5][6]
Потоа Птоломеј почнал да вложува големи напори за зближување на културите на своите поданици, односно да ја обедини староегипетската традиција со достигнувањата на грчката цивилизација.[7] Меѓу другото, тој го поттикнал синкретистичкиот култ на грчко-египетскиот бог Серапис и го изградил првиот серапеум во Александрија . Од раздобјето на неговото владеење потекнува обидот за реформа на египетскиот календар, запишан во Канопусовиот едикт, напишан на неколку јазици, кој подоцна послужил за дешифрирање на египетските хиероглифи.
Во 244/243 пр. н. е., Евергет се оженил со поранешната киренајска кралица Береника Киринска, која му родила четири деца: Арсиноја III, Птоломеј IV Филопатор, Магас и Береника.
Него го наследил неговиот син Птоломеј.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads