РК Струмица

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

РК Струмица — поранешен македонски ракометен клуб со седиште во Струмица.

Кратки факти РК Струмица, Целосен назив ...
Remove ads

Историјат

РК Струмица бил формиран во 1954 година и на почетокот бил дел од Спортското друштво „Партизан“ од Струмица. Најголем удел во развојот на ракометниот спорт од тоа време имал Марко Божинов, познат стопанственик и јавна личност. До 1976 година клубот постигнувал променливи резултати, играјќи во сите лиги и купови на Македонија. На средината од 1970-тите се случил пресврт и РК „Струмица“ бил постојан член на Втората лига, за во 1991 година да се пласира во Првата македонска лига, каде играл до 1993 година, кога повторно се вратил во понизок ранг.
Во многуте импулсивни години на подеми и падови во овој период, траен белег во клубот оставиле многу ракометари но и членови на управата: Благој Пакетов, Петар Василев, Петар Морарцалиев, Звонко Китанов, Мите Гарванлиев, Методи Гарванлиев, Ристо Василев, Кирил Бјадов, Петар Кечев, Ванчо Трендафилов, Наско Митров, Трајче Проданов, Панче Иванов и Томе Дрвошанов Петар Секулов Атанас Секулов

Remove ads

Настапи во Првата македонска лига

На почетокот на новиот милениум клубот го добил новиот спонзор „Супера“ и набргу струмичките ракометари повторно влегле во Првата македонска лига. Амбициите на клубот станале уште поголеми со учеството во полуфиналето од Купот на Македонија, каде, само со еден гол разлика, загубил од РК Пелистер од Битола. Веќе во следната, 2002 година, РК „Зомимак-М“ се пласирал во елитната ВИП Супер Лига на Македонија. Ова било времето на најголемите ракометни достигнувања, кога во градот владеела вистинска ракометна еуфорија. Меѓутоа, поради недоразбирања, спонзорот го напуштил клубот, па во 2003 година клубот повторно се спуштил во пониските ракометни кругови. Така, до 2011 година, клубот имал постојани активности на ниво на преживување, главно заради иницијативноста на спонзорот „Зоми Мак М“, кој не дозволил клубот да згасне со работа.
Оваа генерација оставила големи траги во струмичкиот ракомет, а како позначајни ракометари биле: Мите Пандев, Димитар Пандев, Пепи Пецанов, Жан Јанев, Ратко Маќенаџиев, Павле Велков, Владо Андовски, Ванчо Трендафилов (тренер и играч) Зоран Маќенаџиев, Ване Василев, Младен Лазаров, Мите Димитриев, Мики Танев, Никола Илиев, Новица Лапевски, Сашко Брндевски, Марјан Андонов, Тони Василев, Горан Филиповиќ, Дејан Ефтимов, Ристо Лазаров, Аата Тутенковски и Александар Котевски.

Thumb
Логото на клубот за време на спонзорството на Зоми Мак M


По експресното влегување во машката ракометна „ВИП Супер Лига“, РК „Зомимак М“ успеал да ги изненади сите и во првата година од влегувањето во најсилната конкуренција успеал да го освои првото место и со самото тоа обезбедил учество во плеј-оф натпреварувањето, каде завршил како третопласиран. Паралелно со успесите во лигата, „рисовите“ со голем успех се натпреварувале и во Купот на Македонија. Тие успеале да се пласират во финалето на завршниот турнир и во Струмица да го донесат сребрениот пехар. По завршувањето на одличното трето место во „ВИП Супер лигата“, екипата на РК „Зомимак“, за првпат во својата историја, зела учество во едно европско натпреварување, Купот на ЕХФ.
Во август 2015 година, клубот во сменил своето име во Макс Струмица, откако компанијата „Макс” станала генерален спонзор.[1][2]

Во август 2016 година, клубот поради финансиски причини се распаднал и го откажал своето учество во Супер лигата.[3][4][5]

Remove ads

Меѓународни настапи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads