Радомир (Ениџевардарско)
село во Ениџевардарско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Радомир (грчки: Ασβεσταριά, Асвестарија или Ασβεσταριό, Асвестарио; до 1926 г. Ραδομίρ, Радомир[2]) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 4 жители (2011). До 1924 г. било населено исклучиво со Македонци, кои биле апсолутно мнозинство сè до нивното префрлање во Ново В’дришта од властите.[3]
- За други истоимени места, погледајте Радомир
Remove ads
Географија
Селото е сместено во јужните падини на планината Пајак,9 км северно од градот Пазар (Ениџе Вардар).
Историја
Во Отоманското Царство
На почетокот на XX век Радомир е заведено како чисто македонско село во Ениџевардарска каза. Според Николаос Схинас, во средината на 1880-тите Радомир било село со 35 христијански семејства.[4]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Радомир броел 165 жители Македонци.[5][6]
Според цариградскиот деец Христо Силјанов, по Илинденското востание во 1904 г. целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.[7] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Радомир (Radomir) имало 360 Македонци, сите под егзархијата.[5][8]
Според училишниот инспектор Никола Хрлев, во 1909 г. Радомир имал 48 македонски (според него „бугарски“) егзархиски куќи и месна црква „Св. Спас“. Во ова време навлегла и бугарската пропаганда со отворањето на бугарско училиште.[5][9]
Училишниот инспектор Никола Хрлев во 1909 г. напишал за селото:
„ | Радомир, 13 /III, 3¼ ч. од Корнишор. 48 македонски егзархиски куќи, свои. Црквата „Св. Спас“ е отворена. Таа располага со 7 погони нивје и 30 овци. За првпат се отвора бугарско училиште. Училиштето, приватна куќа под наем, е една просторија голема 4×4×2 м со душеме, со огниште без таван и многу темно.[5][10] | “ |
Во 1910 г. Халкиопулос напишал дела селото (Ραδομίρ) има 250 егзархисти.[4][11]
Во септември 1910 г. селото настрадало во разоружувачката акција на младотурците. Къщата на забегналия Вандо Ѓошев е ограбена, а жена му е претепана.[12]
Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото се состоело од 40 словенски куќи.[3][4]
Во Грција
Во 1912 г. Радомир е заведен како село со христијанска вероисповед и македонски јазик. По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 329 жители (180 мажи и 149 жени), а во 1920 г. се намалило на 291 лице.[3] Во 1924 г. 64 лица се принудно иселени во Бугарија, а на нивно место се доведени 118 грчки колонисти.[3]
Во 1928 г. селото било етнички мешано село во 389 жители, од кои 137 лица (43 семејства) биле дојденци.[13] Во 1926 г. селото е преименувано во Асвестарија.[14]
Во 1940 г. селото имало 566 жители, од кои, според статистиката на НОФ, 123 биле грчки дојденци, а останатите биле македонски староседелци.[3] Радомир значајно настрадал во Граѓанската војна, поради што во 1951 г. имало 380 лица. Во 1961 г. населението се зголемило на 432, а во 1971 г. на 424 жители, со апсолутно мнозинство на Македонци.
Во 1970-тите властите решиле да го преселат целото население во нови станови во Ново В’дришта со цел нивно полесно асимилирање. Така, во 1981 г. во Радоми останале само 4 лица, а во 1991 г. само 3.[3] Во 2001 г. населението се зголемило на 25 лица, за повторно да спадне на 4 лица во 2011 г.
Remove ads
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Знаменитости
- Црква „Вознесение Христово“ („Св. Спас“) од 1850 г., прогласена за споменик на културата
Личности
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads