Раковец (Тетовско)
село во Општина Боговиње From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Раковец — село во Општина Боговиње, во околината на градот Тетово.
- За селото во Општина Чашка, погл. Раковец (Велешко).
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во областа Долни Полог, оддалечено 18 километри јужно од Тетово.
Историја
Стопанство
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Раковец живееле 220 жители, сите Албанци.[2]
По Балканските војни е забележано со 461 жители.[3]
Според Афанасиј Селишчев во 1929 година, Раковец — село во Брвеничка општина (со центар во Жеровјане) во Долнополошкиот срез и има 73 куќи со 369 жители, Албанци.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 400 Албанци.[5]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 811 жители, од кои 807 Албанци и 4 останати.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 577 жители, од кои 548 Албанци и 29 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
Раковец е албанско село.
Според истражувањата од 1948 година, родови во селото:
- Рекалар или Врбјан (31 к.) доселени се од селото Врбен во Горна Река. Од таму се иселиле тројца браќа. Имаат иселеници во Жеровјане.
- Деде (11 к.) доселени се од некое село во Горна Река.
- Видушалар (42 к.) доселени се од некое село во Долна Река. Можеби од селото Видуше? мешајќи се со албанците се албанизирале. Брачни врски најчесто склопувале со селаните од Урвич и Јеловјане.[12]
Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 2079 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 795 гласачи.[14]
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads